Американската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки

March 23, 2023
1 min read

ФЕД ги зголемува трошоците за задолжување во обид да ги стабилизира цените

Американската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки, и покрај стравувањата дека овој потег би можел да придонесе за финансиски превирања по низата банкарски неуспеси.

Федералните резерви ја зголемија основната стапка за 0,25 процентни поени, нарекувајќи го банкарскиот систем „здрав и сигурен“, пренесува Би-би-си.

Но, исто така, предупредија дека последиците од неуспесите на банките може да му наштетат на економскиот раст во месеците што следат.

ФЕД ги зголемува трошоците за задолжување во обид да ги стабилизира цените. Повисоките каматни стапки значат дека се зголемуваат трошоците за купување дом, позајмување за проширување на бизнисот или преземање други долгови. Со зголемување на каматните стапки, ФЕД очекува пад на побарувачката и намалување на цените.

Основната каматна стапка за еднодневни депозити е фиксирана од 4.75 до 5.00 отсто. Ова беше девето зголемување досега во напорите на ФЕД (Централната банка на САД) да се намали инфлацијата во изминатите две години.

Но, наглото зголемување на каматните стапки од минатата година доведе до оптоварувања во банкарскиот систем.

Две американски банки – Силикон Валеј Банк и Сигнатуре Банк – пропаднаа овој месец, делумно поради проблемите предизвикани од повисоките каматни стапки.

Постои загриженост за вредноста на обврзниците што ги чуваат банките бидејќи зголемувањето на каматните стапки може да ги направи тие обврзници помалку вредни.

Минатата недела Европската централна банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија сака победнички старт на квалификациите за ЕП 2024

Следно

Самит на ЕУ посветен на Украина

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop