Америка ќе ја напушти војната во Украина како Виетнам

February 27, 2023
1 min read

Пред 50 години, на Париската мировна конференција беше договорено американско повлекување на сите војници и советници од Виетнам, со што се стави крај на воената мисија на САД во југоисточна Азија.

Тоа е битно, бидејќи дотогаш, тоа беше најголемата катастрофа во историјата на американската надворешна политика. Материјалните и човечките загуби беа огромни, без преседан.

Министерството за одбрана процени дека од 1961 година па до падот на претседателот Тиу во април 1975 година, САД потрошиле повеќе од 7.000 долари по глава на жител во 20 милионскиот Јужен Виетнам.

Од загинувањето на првиот Американец, Џејмс Томас Дејвис во 1961 година, до парискиот договор во јануари 1973 година, американските жртви броеле 350.000 ранети и 58.000 убиени, од кои 40.000 во борба.

Виетнамските жртви (југ и север) надминаа два милиона: 241.000 јужновиетнамци загинаа во битки, еден милион комбинирани жртви од север и Виетконг, плус 300.000 лица кои се сметаат за исчезнати.

„Тоа е релевантно за сегашноста“, забележал Квинси институтот за одговорно државништво, „и во врска со прашањето за „предавство“ на сојузниците -не само заради повлекувањето на САД од Авганистан, туку и за американскиот ангажман во Украина“.

„Лекциите од виетнамската војна ни кажуваат како Вашингтон ќе ја прекине прокси војната во Украина и како тоа ќе им го продаде на Американците,“ пишува професор Сиракуза.

Виетнам имаше една позната константа: ниеден американски политичар или аналитичар не тврдеше сериозно дека таа војна може да се добие. Ама затоа, се имаше време да се понудат безброј објаснувања зошто е тоа така.

Кога ситуацијата на теренот беше објективно проценета, претседателот Џералд Форд и државниот секретар Хенри Кисинџер речиси преку ноќ ја сменија плочата и бараа американскиот народ да ја остави виетнамската војна зад себе и да се сврти кон иднината.

„Лекцијата која мора да ја научиме од ова искуство е во иднина да бидеме многу претпазливи кон обврските кои ги преземаме,“ изјави своевремено Кисинџер.

„Ниедна лекција не се научи“, заклучува професорот Суиракуза тврдејќи дека повлекувањето од војната во Украина која, според него, не може да биде добиена ќе биде изведено на ист начин.

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Ѓорче Петров стартуваа Училишните спортските лиги, ќе учествуваат над 350 ученици

Следно

Ердоган: „Заштитете го вашиот град, никогаш трајно не напуштајте ја својата татковина“

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop