„Амбер алерт“ во Македонија е во почетна фаза но во практика не би функционирал ефикасно

May 26, 2024
1 min read

Системот „Амбер Алерт“ во Сад функционира од 1996 година, по исчезнувањето на деветгодишното девојче Амбер Хагерман од Тексас, која била киднапирана додека возела велосипед, а потоа и убиена. Телото на Амбер, фрлено во поток, на околу десетина километри од паркингот каде Амбер била киднапирана го нашол случаен минувач пет дена по киднапирањето. Во Македонија пак, во овој момент го има системот за исчезнати деца во форма на веб страна „Најди ме“ и соработуваат со министерството за внатрешни работи, образование и наука како и труд и социјална политика. Првиот човек на детската амбасада Меѓаши во телефонски разговор за Тв 24 вели дека се создава заблуда дека „Амбер Алерт“ функционира во Македонија. Змијанац потенцира дека го известиле МВР уште во декември минатата година, но оттаму добиле одговор дека се уште немаат доволно информации за функционирањето на системот.

„Бевме навистина изненадени дека еден ваков важен систем не е воспоставен по тие барања кои ние ги воспоставивме“, вели Драги Змијанац-основач и директор на првата детска амбасада Меѓаши. 

Од Меѓаши апелираат европскиот број за исчезнати деца 116000 да се усвои и кај нас. Велат сложена е постапката за овој систем, бидејќи треба да се најде мобилен оператор за линиите да бидат бесплатни и операторите да ги покријат услугите. Денеска, сајбер просторот е најголемата закана за киднапирање, сексуално злоупотребување  на децата. Од детската амбасада алармираат дека и воспитно-образовниот процес треба да ја подигне свеста на поголема превенција.

„Детската амбасада Меѓаши е во контакт со својата партнерска организација од Србија, за исчезнати и злоставувани деца-директно со Игор Јуриќ татко на киднапираното девојче Тијана, по чија смрт се донесе и Тијанов закон и Амбер Алерт се донесе како систем во Србија. Од нив сме информирани дека Амбер Алерт подразбира и систем на процедури и формално правни акти со кои државата се обврзува да го спроведе системот на рано предупредување и алармирање до медиумите, банките, аеродромите, автобуски постојки, државен и прватен сектор за навремена дојава до надлежните и државни органи“, вели Драги Змијанац-основач и директор на првата детска амбасада Меѓаши.  

Игор Јуриќ чија ќерка Тијана беше киднапирана и убиена дојде во Скопје по киднапирањетон на Вања. Тогаш в интервју за ТВ 24 истакна дека личната загуба била поттик за носење на таканаречениот закон на Тијана во 2015 година, со кој се воведе доживотен затвор за најтешките кривични дела. Порача дека случајот со Вања е аларм за итни чекори во заштитата и законодавството во Македонија.  

Со исчезнувањето на Данка Илиќ, за прв пат минатата година се активираше системот „Алберт Алерт“ во Србија. Хрватска пак, од 2022 година го има Нено аларм. Со исчезнување на дете, хрватските власти ја известуваат компанија Мета и преку социјалните мрежи информацијата стигнува до граѓаните на 60 километри од местото каде што детето последен пат е видено.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Двајца загинати во торнадо во Тексас и Оклахома, 250.000 домови без струја

Следно

Бонучи стави крај на кариерата

Latest from Blog

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop