Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС

May 24, 2024
1 min read

Американската амбасада во Босна и Херцеговина го предупреди лидерот на босанските Срби Милорад Додик и сите политичари кои го следат дека се на опасен пат кога се залагаат за „мирно раздружување“, нагласувајќи им дека САД нема мирно да ги набљудуваат акциите што ја загрозува Босна и Херцеговина како држава.

По иницијатива на Додик, владата на Република Српска во четвртокот, пред расправата на Генералното собрание на Обединетите нации, донесе одлука дека во рок од 30 дена ќе подготви документ со кој на Федерацијата на Босна и Херцеговина ќе и предложи „раздружување“, т.е. ставање крај на постоењето на Босна и Херцеговина како што е утврдено со Дејтонскиот договор.

САД беа меѓу најсилните поддржувачи на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, а американската амбасада во Сараево денеска соопшти дека Додик и владата на РС се обиделе да ги објаснат тезите за неможноста за опстанок на РС со „група лаги и дезинформации“ дизајнирани да ја заплашат јавноста во РС со цел да ги следи на тој опасен пат.

„Фактите се едноставни и јасни. Нема меѓународен заговор за укинување на РС, а Додик не може да издвои ниту една изјава на ниту еден американски функционер кој повикува на укинување на РС“, се вели во соопштението.

Американската амбасада потсети и дека БиХ не е унија на два ентитета како што постојано толкува Додик, туку е држава наследничка на поранешната Република БиХ.

Уставот на Босна и Херцеговина, како што истакнаа, не дава право на отцепување или „раздружување“ ниту на субјектите ниту на која било пониска административна единица. РС може да постои само во рамките на БиХ, така што отцепувањето или „обединувањето“ на РС не значи независност на тој ентитет или крај на БиХ, туку крај на РС.

„Тоа е опасна, неодговорна, антидејтонска акција која го става на ризик територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. А, тоа се клучните интереси на САД. САД ќе ги бранат и штитат, меѓу другото, со тоа што ќе ги повикаат на одговорност оние кои изложиле на ризик“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Празничен дневен хороскоп: Овој знак го очекува зближување со саканата личност, а еве на што да внимава особено еден хороскопски знак

Следно

Продолжен викенд, колони возила на Богородица за влез во Грција

Latest from Blog

Трамп: Состанокот меѓу Русија и Украина во Турција е многу важен

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека претстојните мировни преговори меѓу Русија и Украина во Турција се „многу важни“, додавајќи дека смета оти „од таа средба може да произлезат

По протестот на НСП – МВР: Идеи и предлози веќе се имплементирани во Колективниот договор со Синдикатот

По денешниот протест на Независниот синдикат на полицијата (НСП), од Министерството за внатрешни работи информираа дека остваруваат континуиран дијалог со сите полициски синдикати со цел подобрување на статусот и работните услови на

На 13. Робомак ќе учествуваат 60-ина студенти, финалето ќе биде в сабота

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ од денеска до 17 мај ќе се одржува 13. Меѓународен студентски натпревар и работилница во роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција –

Ќе има ли директни преговори Путин – Зеленски?

Ќе има ли директни преговори Путин – Зеленски на 15 Мај во Истанбул? Откако рускиот претседател Путин предложи, украинскиот претседател Зеленски прифати да разговара очи во очи со рускиот лидер. Нејасни се
Go toTop