Алтернатива нема да излезе сега од Влада, но нема да гласа за реконструкција?

February 10, 2023
3 mins read

Според извори на „360 степени“, Алтернатива засега не планира да ја напушти владината коалиција, но нема да гласа за реконструкција на Владата. Се обидовме оваа информација да ја потврдиме, но лидерот на партијата Африм Гаши не одговори на нашите прашања

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во изјава за телевизија Алсат-М рече дека нема да гласа за новото парламентарно мнозинство. Според него, Алијансата за Албанците влезе во Владата не за некаков европски сојуз за Македонија, туку за да го спаси Артан Груби

Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари и официјално одлучи да влезе во Владата. Во партијата вчера организирале референдум на кој партиските членови се изјасниле дека е добро Алијанса да биде дел од Владата. Како што рече Таравари, во Владата ќе имаат три министерски и две заменик-министерски места.

„Во Владата ќе имаме двајца заменици-министри и тоа за одбрана и за земјоделство, како и три министерства од кои Правда и Здравство се сигурни и третото ќе биде или за информатичко општество или заменик-премиер за економски прашања“,

рече Таравари.

СДСМ ќе го отстапи Правда, но ќе го добие Министерството за животна средина и просторно планирање, каде што на столчето на Насер Нуредини од ДУИ ќе седне Каја Шукова, актуелна државна секретарка во овој ресор. Како што веќе објави „360 степени“, меѓу кандидатите за ова место се споменуваше Пеце Мирчевски, директор на владината Служба за општи и заеднички работи, но изборот на крајот паднал на Шукова.

Доколку Алијанса, покрај Правда на СДСМ, го добие и Информатичко општество и Здравство, Алтернатива ќе остане без две министерства. Според неофицијални извори од Алијанса, партијата на Таравари треба да добие и некои директорски позиции на кои сега шефуваат кадри на Алтернатива, во МЕПСО и во Фондот за пензиско и здравствено осигурување (ПИОМ). Според непотврдени информации, Таравари ќе земе и директорски места во „Македонија пат“ и во ЈП „Железници“, каде што во моментов раководат кадри на СДСМ.

Како што дознава „360 степени“, Алијанса го барале Министерството за образование со кое раководи ДУИ, но интегративците остро се спротивставиле на ваквиот предлог. Единствено на што се согласиле, и тоа со сила, било да ја напуштат министерската фотелја во Животна средина.

Владејачката СДСМ вчера на Централен одбор го овласти лидерот и премиер Димитар Ковачевски да ги заокружи преговорите за поголемо мнозинство и да предложи реконструкција на Владата. Како што изјави партиската портпаролка Богданка Кузеска по состанокот на ЦО, со принципите на платформата за соработка со Алијанса за Албанците се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.

За кадровски решенија се уште никој ништо не кажува официјално, а според најавите Ковачевски и Таравари денеска треба да се сретнат и конечно да ги дефинираат ресорите и директорските позиции.

Алтернатива се уште молчи

Алтернатива се уште мудро молчи и не соопштува дали ќе остане или ќе ја напушти Владата. Партискиот лидер Африм Гаши на минатонеделниот состанок на партиското членство во Гостивар рече дека ќе чекаат да завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците, па потоа ќе одлучат за понатамошните чекори. Тој изрази и волја за компромис околу распределбата на ресорите.

Сомнежите за тоа дека Алтернатива е се поблиску до напуштање на зградата на „Илинденска“ се зголемија по веста дека Гаши, во Собранието наводно имал средба со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Гаши не негираше дека се сретнал со Мицкоски и посочи дека имал средби со сите лидери на политички партии, а во фокусот на разговорите било постигнувањето двотретинско мнозинство за уставните измени. Наводната средба ја негираше Мицкоски, кој беше дециден дека во парламентот се сретнал само со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, со кого разговарал за активностите на пратеничката група во периодот што следува. Оваа наводна средба го отвори прашањето – дали можеби повторно се крчка план за ново парламентарно мнозинство, како што тоа беше случај во ноември 2021 година, иако обидот за рушење на Владата, тогаш на чело со Зоран Заев, беше неуспешен.

Според извори на „360 степени“ Алтернатива засега не планира да ја напушти владината коалиција, но нема да гласа за реконструкција на Владата. Се обидовме оваа информација да ја потврдиме, но лидерот на партијата Африм Гаши не одговори на нашите прашања. Партискиот портпарол Орхан Муртезани само кратко ни одговори:

„Телата на партијата заседаваат во континуитет и кога ќе свикаме седница за носење одлука, навремено ќе бидете информирани“.

Кој ќе гласа за реконструкција?

Предлогот за реконструкција на Владата може да стигне во Собранието во наредните денови и таа да се најде на дневен ред на редовната собраниска седница закажана за в понеделник, брифираат нашите извори.

Лидерот на НСДП Горан Мисовски во изјава за „360 степени“ вели дека ќе ја поддржат реконструкцијата на владата.

„Досега многупати изјавивме дека сме за Европски сојуз за Македонија и елиминирање на партиите кои се против евроинтеграцијата на земјата“,

дециден е Мисовски.

Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов за „360 степени“ вели дека останува ставот дека ќе поддржат реконструкција на Влада само доколку се обезбеди соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, што е во согласност со Уставот и Амандманот 6. Затоа, вели Трајанов, ќе почекаат да ги видат утврдените кадровски решенија па потоа ќе ги кажат нивните ставови околу стратегиите, реформите и приоритетите

„Огнените“ од ДУИ нема да ја поддржат новата влада

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, во изјава за Алсат-М телевизија рече дека нема да гласа за новото парламентарно мнозинство. Според него, Алијансата за Албанците влезе во Владата, не за некаков европски сојуз за Македонија, туку за да го спаси Артан Груби.

„Нема да гласам за ова мнозинство, ќе бидам против. Ќе чекам да ги видам програмата и кандидатите за министри. Ако испадне како што слушам некои предлози од Алијанса, особено во сферата на правдата, каде меѓународниот фактор има вложено најмногу и е најчувствителен, имавме силна реакција за време на изборот на обвинител за организиран криминал, ќе си го одржам зборот и ќе го кажам во Собрание“,

изјави Меџити во емисијата „Патот кон“ на Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

САД не е во војна со Русија, освен што испраќа оружје, муниција и координати за стрелање

Следно

Чудата продолжуваат, преживеани се извлекуваат и по 100 часа од земјотресите во Туркије

Latest from Blog

ВИДЕО: Палестинците масовно се евакуираат од Газа по големата офанзива на израелската војска

Илјадници семејства се обидуваат да избегаат од Газа додека израелската војска спроведува копнена операција како дел од нејзината голема офанзива насочена кон освојување на градот. Лина ал-Магреби, 32-годишна мајка на три деца

Боев и Зекири предложени за редовни членови на МАНУ, за дописни Миневски, Велев, Даутовски…

Изет Зеќири, економист и доскорешен ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ и Блажо Боев, геолог и поранешен ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се предлозите за нови редовни членови на Македонската академија

Слот потврди: Исак утре ќе дебитира за Ливерпул

фото: LiverpoolFC (X) Новото име во нападот на Ливерпул, Александар Исак веројатно ќе го има своето деби за „црвените“ утревечер кога тимот ќе игра против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Менаџерот

Брод со судански бегалци се запали покрај либискиот брег, најмалку 50 мртви

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денес соопшти дека најмалку 50 лица загинале откако брод со 75 судански бегалци се запалил во близина на либискиот брег во неделата. ИОМ соопшти дека им обезбедува

„И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со Дрисла, ѓубрето во Скопје е резултат на неспособноста на Арсовска и нејзините другари од ДУИ“

На сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје. Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ. Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е
Go toTop