Алпите – „енергетска банка“ на високоразвиената Европа

September 19, 2025
3 mins read

Алпите се срцето на европската хидроенергија. Планинскиот масив ја дава клучната флексибилност за интеграција на ветерот и сонцето во европската електроенергетски систем, додека истовремено е и под растечки еколошки притисок. Распослан на територијата на повеќе држави, Алпите се дом на големите акумулации со турбини вградени високо во планината, на над 1.800 метри надморска височина, но и на бројни мали хидроцентрали и пумпни акумулации. Производните капацитети се дел од повеќе национални системи, како оној на Швајцарија, Австрија, Италија и други.


Според Федерална канцеларија за енергија на Швајцарија, меѓу европските држави, Швајцарија се наоѓа на четвртото место според уделот на хидроенергијата во производството на електрична енергија, веднаш зад Норвешка, Австрија и Исланд. Во Алпскиот регион заклучно со крајот на минатата година располагала со 704 хидроцентрали со максимална моќност 16.576 MW и годишен производствен потенцијал 37.350 GWh.

Во Австрија, пак, која се наоѓа пред Швајцарија лани 60,2% од целата електрична енергија во земјата дошла од хидроцентрали. На северот од Италија, благодарение на хидропотенцијалот на алпските падини, енергијата на водата за првпат го натфрлила производството од капацитетите на фосилни горива. Во 2024 година хидроелектраните произвеле околу 36 TWh струја.


Хидроцентрали во заштитени зони и еколошки ограничувања

Најмоќната француска, но и европска пумпно-акумулациона хидроцентрала Grand’Maison со инсталиран капацитет од 1.800 MW е лоцирана на француска страна на Алпите.


Податоците на европските еколошки организации покажуваат јасен судир меѓу енергетските потреби и заштитата на природата. Сепак, околу 21% од постојните хидроцентрали се лоцирани во заштитени подрачја, а 28% од планираните проекти се предвидени да се градат во такви региони. Тоа значи дека речиси секој трет иден проект би навлегол на простор што е формално прогласен за природен резерват, национален парк или е од друга категорија на заштита.

Иако оваа состојба на Алпите изгледа особено чувствителна, факт е дека реките се под „комбиниран“ притисок поради изградените брани кои се со ограничувања да го одржат т.н. „еколошки минимум“ проток на вода во сушните месеци. Швајцарија често се наведува како модел за управување со овој предизвик. Таму постои детална статистика на Федералната канцеларија за енергија (BFE), која го следи секој проект поединечно и обезбедува податоци за инсталиран капацитет, годишен потенцијал и влијание врз речните сливови. Токму тие бројки се користат како основа за проценка на еколошките текови и за одредување на минималните проточни режими што мора да се почитуваат за да се зачува биодиверзитетот.

На овој начин, Алпите наликуваат и на една голема, природна лабораторија каде се тестира рамнотежата меѓу обновливата енергија и зачувувањето на природата, како прашање што ја засега цела Европа, но и националните економии што на територијата на Алпите се потпираат на хидропотенцијалот како двигател на енергетската транзиција.

Пиринеите ги интегрираат хидропотенцијалот и туризмот

Индустријализирани се и високопланинските долини на Пириеите, кои ја разделуваат Шпанија од Франција. Инфраструктурата за производство на струја од водата не е само енергетски столб за двата национални системи, туку прераснале во дел од идентитетот на регионот. Езерските акумулации и хидрообјектите често може да се забележат во илустрациите со пејзажот кој се претставува пред туристите, а и локалните заедници ги прифааќаат како туристички потенцијал. Истражувањата покажуваат дека токму оваа симбиоза на енергија и туризам ја прави разликата во однос на други планински масиви, каде хидроинфраструктурата често е доживувана како наметната.

Технички пример што често се наведува е пумпно-акумулациониот систем Estany Gento–Sallente во Каталонија. Со капацитет од околу 446 MW, овој објект служи за балансирање на електроенергетската шпанската мрежа, и претставува важен ресурс за обезбедување на потребната флексибилност за интегрирање на соларните и ветерни капацитети во мрежата.

Дилемата на Централно-источна Европа Дунав или Карпатите?

Карпатите, кои се протегаат низ повеќе земји во Централна и Источна Европа, имаат поинаков енергетски профил во споредба со Алпите или Пиринеите. Во Словачка нуклеарната енергија доминира во националниот енергетски микс. Според податоци од 2023 година уделот на хидроенергијата во вкупното производство на електрична енергија е околу 14%. Земјата располага со приближно 2,5 GW инсталирана хидро моќ, што покажува дека ресурсот не е занемарлив, но е поразлично поставен од оној во Алпите.

Во Романија, хидроцентралите се столбот на енергетскиот систем, но најголем дел од овој капацитет е концентриран на Дунав. Ни тука високите Карпати не играат клучна улога во хидропроизводството.

Во украинскиот дел од планинскиот масив, уште пред војната беа идентификувани голем број локации со потенцијал за изградба на мали хидроцентрали, но со почетокот на војната, овие планови останаа на хартија или се стопирани.

Планинскиот хидропотенцијал интересен во развиените европски држави

Иако трите планински региони Алпите, Пиринеите и Карпатите на изглед се слични, нивната улога во енергетските системи е драматично различна. Алпите се европска „енергетска банка“ со големи акумулации и пумпно-акумулациони системи. Пиринеите имаат помал обем, но со силна интеграција во локалниот пејзаж и туризам. Карпатите, пак се во сенката на Дунавските мегапроекти. Овие разлики откриваат дека географијата, но и националните политики и степенот на економски развој и свест ја моделираат улогата на планините во енергетската транзиција на Европа.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Николоски со видео: Забрзана изградба на автопатот кон Битола

Следно

Импресивен рекорд: Халанд стана фудбалерот кој најбрзо постигна 50 гола во ЛШ

Latest from Blog

Нема да верувате која европска престолнина го зазеде првото место: Топ-5 листа „најсреќни градови“ за одмор и патувања

Лисабон, главниот град на Португалија, го освои првото место на новиот „Индекс на среќен одмор“, со својата вкусна храна и многу зелени површини што овозможуваат пријатен престој и вистинско опуштање. Туристичката агенција

Николовски – Биркланд: Царината е посветена на јакнење на трговската соработка со САД

Раст на трговската размена со САД и привлекување нови инвестиции се во фокусот на  ефективните трговски политики коишто ги спроведува Царинската управа. Во целост се применуваат најновите измени на Законот за царинска

АНКЕТА: Орце Ѓорѓиевски со убедливо водство пред противкандидатите за градоначалник на Скопје

Според последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има убедливо водство пред останатите кандидати. На прашањето за кого ќе гласаат на локалните

БРАКО продолжува да помага: болницата во Велес доби современа медицинска опрема

Фабриката Брако од Велес повторно покажа дека е вистински партнер на својата заедница. Со донацијата на нов ЕКГ апарат за Интерното одделение, велешката болница ќе може да обезбеди побрза и посигурна здравствена

Историјата оживеа онлајн – над 17.000 луѓе ја истражуваа „Македонска Држава“ во првата недела

 Повеќе од 17.000 посетители во првата недела: „Македонска Држава“ го разбуди интересот за историјата Над 17.000 корисници ја посетија платформата „Македонска Држава“, која успешно беше лансирана на 8 септември годинава. Бројот на
Go toTop