Историјата оживеа онлајн – над 17.000 луѓе ја истражуваа „Македонска Држава“ во првата недела

September 19, 2025
1 min read

 Повеќе од 17.000 посетители во првата недела: „Македонска Држава“ го разбуди интересот за историјата

Над 17.000 корисници ја посетија платформата „Македонска Држава“, која успешно беше лансирана на 8 септември годинава. Бројот на посетители во првите десет дена го докажува огромниот интерес за македонската историја и култура, и воедно е потврда дека вакво дигитално богатство беше потребно. Платформата е прифатена со ентузијазам од публика која излегува од границите на Македонија, од каде се и најголем дел од посетите. Значителен интерес покажаа и корисници од САД, Германија, Австралија, Грција и Бугарија илустрирајќи силна поврзаност на македонската дијаспора со корените, како интерес од пријателите на нашата култура ширум светот.

Дигитална платформа нуди избор на електронски книги, историски документи и истражувања што опфаќаат повеќе од 150 години македонска историја, култура, поезија и патриотско творештво. Посетителот може да избере македонски и англиски јазик, а во наредниот период е планирано содржините да бидат преведени и на други странски јазици. Онлајн библиотеката претставува и централно место за учење, истражување и инспирација. Содржините се внимателно селектирани и организирани во јасни категории, а платформата е изработена со лесна и интуитивна навигација за максимално корисничко искуство.

Проектот „Македонска Држава“ им овозможува на сите заинтересирани бесплатно да пристапат до сеопфатната дигитална библиотека чија основна тема е македонското историско и културно наследство. Цел на организаторите е платформата да продолжи да расте и да го збогатува својот фонд секој месец со нови книги, истражувања и тематски содржини, наменети за ученици, професори, новинари и љубители на историјата. Таа функционира како културен мост меѓу генерации и нации, потсетувајќи нѐ дека културата не е само наследство, туку и темел за иднината што ја градиме заедно.

„Веруваме дека историјата треба да биде жива, разбирлива и достапна за секого – без ограничувања и без филтри,“ истакнува Антонио Илијевски кој стои зад оваа иницијатива. „Со дигитализацијата на материјалите и нивната бесплатна достапност, ја отвараме вратата за нова генерација истражувачи, ученици, студенти, новинари и сите љубители на македонската култура.“

Платформата стартуваше со работа на 8 Септември – Денот на независноста – а денес веќе со десетина дена активна работа, посетителите имаат можност да ја истражуваат нејзината содржина и да станат дел од заедницата што ја продолжува македонската приказна.

„Македонска Држава“ ги повикува сите институции, организации и дигитални платформи, како во Македонија така и во странство, да се приклучат на оваа иницијатива и да соработуваат во прикажувањето на богатиот фонд на македонската историја без филтри. Тимот на платформата останува посветен на својата визија – македонската историја и култура да бидат достапни и за идните генерации, без оглед на географските и временските граници.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Албанската бот министерка дебитираше во парламентот (ВИДЕО)

Следно

БРАКО продолжува да помага: болницата во Велес доби современа медицинска опрема

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop