АЛКАЛОИД со максимален резултат во второто коло на Европскиот шаховски клупски куп

October 22, 2024
1 min read

ШК Алкалоид продолжи на Европскиот шаховски клупски куп со максимална победа од 6:0 против шампионот на Словачка, екипата „ŠK K Cero Invest Nitra“.

Велемајсторот Александар Инѓиќ, на шестата табла прв ја започна серијата победи на шахистите на Алкалоид, во средишницата ја искористи позиционата грешка на противникот и рутински го совлада на шестата табла Матришка Петер. Веднаш потоа, следеа победите на Еригаиси Ајрун и Ју Јангји, така да Алкалоид по само 2 часа и половина поведе во мечот со 3:0.

На првата табла Велемајсторот Еригаиси Ајрун се реши за необично отварање, Игра на Дамин пешак, против Интермајсторот Филип Харинг. Многу брзо ја потврди разликата во класа, создавајќи голема предност со белите фигури по само петнаесетина потези, и рутинирано ја претвори во победа.

Во партијата на третата табла, противникот на Ју Јангји се обиде со рискантно, гамбитно отварање да го изненади, но кинескиот велемајстор се покажа подготвен и многу брзо се здоби со решавачка предност.

Велемајсторот Читамбарам со црни фигури, на четвртата табла, во остра позиција од Сицилијанската одбрана тактички го надмудри својот противник.

На петтата табла, Велемајсторот Нараунан со бели фигури во Шпанска партија, со позиционо маневрирање го надигра противникот и оствари победа.

Последен својата партија ја заврши Веи Ји, со сигурна игра и полека градејќи предност ја комплетира максималната победа на Алкалоид.

Во второто коло сите фаворити продолжија со високи победи, и во третото коло 18 екипи влегуваат со максимални 4 бода.

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата “Beer Sheva Chess Club” од Израел, која e долгогодишен редовен учесник на Европскиот клупски куп, и двете екипи веќе имале меѓусебни средби, со позитивен резултат на страната на Алкалоид.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Студено утро, денот сончев

Следно

Грција денеска и утре без бродски сообраќај поради штрајк на поморската федерација

Latest from Blog

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено
Go toTop