Алиспахиќ во 24 анализа: Треба да има еднкавост во преземените мерки на сите осомничени за трагедијата во Кочани

March 27, 2025
1 min read

Адвокатот Асмир Алиспахиќ во 24 анализа рече дека треба да има еднаквост во преземените мерки на сите осомничени за трагедијата во Кочани.

Според него, не треба за едни да има ефективен притвор а за други куќен.

„Ме зачудува фактот да некои други лица кои според описот се помалце инволвирани да се во притвор ефективен а татковците на градот кои се менувале со текот на годините да бидат двајца со куќен притвор а сегашниот Папазаов е во ефективен притвор. Што е поразличен за Папазов, што поразлично за Бектеши кој не е на фукција, што е поразлично за обични службеници кои не работат повеќе. Тоа треба да го види Апелациониот суд и  да ги разгледа сите наоди кои во моментот сметам дека одат во прилог на Јавното обвинителство. Штотуку започаната истрага и да се овозможи куќен притвор на двајцта гардоначалници кои не се веќе во функција а сегашниот да е во ефективен. Се надевам дека ќе се разгледа наодот на Јавното обвинителство. За поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат мислам дека образложението беше здравстевни проблеми и тука мислам дека преовладувал хуман аспект. Мислам дека поради тоа е мерката куќен притвор. Ако останме на  куќен притвор за градоначалниците, тоа  треба да се почитува и за останатите осомничени лица. Треба да има еднаквост во презмените мерки“, додаде Алиспахиќ.

Тој објасни и дека се надева на тоа дека целиот процес ќе има судска правда.

„Апелирам но и се надевам на судска разрешница со правда. Апелирам да се преземе сериозна истрага во секој детал, не само во конкретната ситуација во која се опфатени овие лица туку и да се видат и сите пропусти кои ги направиле сите претходни и сегашни лица. Правото на живот е неприкосновено право на еден човек, не можеме да си дозволиме системот да го одземе правото на живот“, додаде Алиспахиќ.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Потпишан Меморандум меѓу турската МКЕ и АТС Груп од Северна Македонија за соработка во одбранбената индустрија

Следно

Во петок наутро посебен режим на патот Блаце – Скопје, ќе се извлекува излетан камион

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop