„Али во Македонија има две маши, едната е Ковачевски кој ги исполнува бизнис желбите и апетитите на ДУИ, вториот е Апасиев кој мора да глуми патриот, а делата му се еднакви на нула“

January 9, 2023
1 min read

Али во Македонија има две маши. Едната е Ковачевски кој ги исполнува бизнис желбите и апетитите на ДУИ, вториот е фолирантот Димче Апасиев кој мора да глуми патриот и во наредниот период ќе видиме како тој со празни зборови и фб статуси ќе треба да биде жесток бранител на Македонија, додека делата му се еднакви на нула. Но тоа што е константно е коалицијата во Град Скопје каде директорите на фолирантот Димче седат во иста клупа со директорите на Али и заедно со Ковачевски прават опструкции во општините каде ВМРО има градоначалници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа секогаш кога на Али ќе му притреба, му фрла гума за спасување на неговиот слуга Ковачевски, а за Апасиев теми за да биде актуелен. Интересно е како само СДС нема против оваа средба каде за македонските прашања, се координираат во Тирана.

Очигледно Али ќе ја учи и Тирана за зелената агенда, или Тирана ќе спрема втора тиранска платформа која после Али ќе му ја даде на Ковачевски?

Единствениот договор кој треба да го има е обединување против криминалот и договор за избори за да народот одлучи!, стои во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Новиот МНР на Кина по традиција ја избра Африка за прва посета во странство

Следно

Столтенберг: Време е Шведска да влезе во НАТО, таа направи сè што бара Турција

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop