Албанија ќе доделува 50% грант за земјоделците за механизација и модернизација на работните процеси

August 10, 2025
1 min read

Албанските земјоделци со земјоделски и сточарски фарми сега можат да добијат грантови што покриваат до 50 проценти од трошоците за нивната механизација и модернизација во рамките на Националната инвестициска шема за 2025 година, објави на Фејсбук, министерката за земјоделство на Албанија, Анила Денај.

Според министерката Програмата има за цел да ги намали трошоците за производство и времето, да ја зголеми ефикасноста и квалитетот на производите и да ја зајакне конкурентноста на земјоделците на пазарот.

Шемата обезбедува финансирање до 50 проценти од вкупната фактурирана вредност, со максимален износ од 5 милиони леки (51. 540 евра) по корисник.

-Земјоделците можат да го комбинираат грантот со кредити со ниска каматна стапка од 2 проценти и државна гаранција што покрива 70 проценти од потребниот износ. Рокот за аплицирање е 30 септември 2025 година, додава таа.

Програмата за 2025 година вклучува девет мерки за поддршка насочени кон поттикнување на инвестициите во земјоделството, отворајќи го патот за помодерен, попродуктивен и поконкурентен сектор.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разрешен ќе биде началникот на полицијата во Демир Хисар

Следно

СДСМ: Опасна игра на ДПМНЕ, ја претвори МНАВ во приватна партиска филијала со цел куп вработени без соодветно знаење, колку патниците се безбедни

Latest from Blog

Националниот џез оркестар со нигерискиот уметник Шеон Кути вечерва на „Охридско лето“

Националниот џез оркестар е резултат на напорите на врвните џез-музичари од земјава со интернационална кариера, студенти и професори од џез-академиите во Скопје и Штип, како и на бројните љубители и поддржувачи на

Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја потресе западна Турција

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција оваа вечер ја потресе земјотрес со јачина од 6,1 степени, известува Анадолу. Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД), информираше дека епицентарот на земјотресот

Србија оствари рекордна победа против Кипар

Кошаркарската репрезентација на Србија оствари рекордна победа совладувајќи го Кипар со 122:55. Ова беше пријателски натпревар во пресрет на претстојниот Евробаскет, каде Кипар ќе настапува како ко-домаќин. Селекцијата на Србија по триумфот

Балканот под инфлаторен бран – во дел од земјите на ЕУ инфлацијата е под контрола, се очекува да биде 2%

Балканот освен по високи температури и по пожари, летово ќе го памети и по забрзување на инфлацијата. Скоро во сите земји од регионот таа има нагорна линија. Според податоците и проценките, во

СДСМ: Опасна игра на ДПМНЕ, ја претвори МНАВ во приватна партиска филијала со цел куп вработени без соодветно знаење, колку патниците се безбедни

СДСМ ја информира јавноста за последниот список вработувања во МНАВ. Од таму велат дека прво во оваа институција прво се вработува Атанас Стамнов, човек од Патриотскиот институт на ДПМНЕ, без никакво релевантно
Go toTop