Актерката Стојановска ослободена од вина за шверц со дрога: Знаев дека немам ништо со кокаин и криминал

March 15, 2023
1 min read

Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот суд, со која актерката Силвија Стојановска беше ослободена од вина за обвинението во кое се товареше за помагање при транспорт со дрога. Одлуката е јавно објавена, а актерката за „Макфакс“ посочува дека верувала оти случајот вака ќе заврши уште од првиот момент кога била обвинета.

„Задоволна сум од пресудата. Ја знаев од самиот почеток. Знаев дека немам ништо со организиран криминал и со кокаин затоа што никогаш во животот не сум имала допир со криминал. И ова е, фала богу, правичен заклучок“, вели Стојановска.

Ослободителната пресуда актерката Стојановска ја доби на повторено судење. Апелација претходно донесе одлука со која ја укина првостепената пресуда, каде што актерката беше осудена на 3,6 години затвор.

Според обвинението, Стојановска и Будисављевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Актерката, нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ и брат му, кој има исти иницијали В. Б., се дел од организирана криминална мрежа, која договорила набавка на кокаин во Колумбија, го пренеле преку Атлантскиот Океан во Шпанија, го скриле во магацин во Мадрид и договориле негова продажба.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Холандски суд: Фејсбук постапил незаконски при обработката на личните податоци на корисниците

Следно

УЕФА се закани со санкции во случај на забрана за гостински навивачи

Latest from Blog

Ханси Флик: Супер – купот е најкусиот пат до трофеј, но нема да биде лесно!

ФОТО: FC Barselona/FB Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше со самодоверба и реализам пред нивниот полуфинален натпревар од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, утре во Џеда (С.Арабија). Тој го опиша турнирот

Сиљановска-Давкова со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и заедно да градиме благосостојба

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање – Божиќ. Во својата порака, претседателката посака празничниот мир да влезе во секој дом. Претседателката истакна

Новиот „Аватар“ ја надминува границата од милијарда долари- Камерон повторно доминира

Филмот, кој ја врати публиката на визуелно прекрасната планета Пандора, донесе 1,03 милијарди долари, соопшти студиото „Волт Дизни“. „Оган и пепел“ е третиот филм од серијалот „Аватар“, кој заработи вкупно 6,35 милијарди

Еден знак ќе доживее преродба што се случува еднаш – СУДБИНАТА СЕ МЕНУВА НА 8 ЈАНУАРИ

Универзумот носи ретка можност за нов почеток. Дознајте зошто судбината се менува на 8 јануари и кој знак очекува неверојатно оживување. Многумина од вас со години го носеа товарот на одговорноста, чекајќи
Go toTop