УЕФА се закани со санкции во случај на забрана за гостински навивачи

March 15, 2023
1 min read

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе ги санкционира клубовите и нивните градови кои ќе одбијат да примат гостински навивачи.

Ова предупредување од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, доаѓа откако вечерашниот реванш-натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони во Неапол меѓу Наполи и Ајнтрахт Франкфурт ќе се игра без германски навивачи поради забраната што ја воведоа локалните власти стравувајќи од можни инциденти.

Во изјава за германските медиуми Чеферин рече дека оваа забрана е „лоша одлука“ и истакна оти би можело да се воведе правило клубовите да не играат во своите градови ако властите забранат доаѓање на гостински навивачи.

Локалните власти во Неапол му забранија на Наполи да продава влезници за вечерашниот натпревар на лица со престојувалиште во Германија поради страв од нарушување на јавниот ред и мир. Откако судот, на барање на Ајнтрахт, ја поништи оваа одлука, беше изречена нова забрана која овој пат се однесува само за лица со живеалиште во Франкфурт.

Чеферин оцени дека е неприфатливо „италијанските власти едноставно да одлучат за забрана за навивачи“ и додаде дека УЕФА ја поддржува жалбата на Ајнтрахт.

Наполи има предност од 2-0 од првиот натпревар одигран во Франкфурт.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Актерката Стојановска ослободена од вина за шверц со дрога: Знаев дека немам ништо со кокаин и криминал

Следно

Последно за плинските решоа: Ок се

Latest from Blog

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие

ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА НАПРЕДУВА СПОРЕД ПЛАНОТ: Завршувањето се очекува следната година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција

Натанијел Браун за уште посилен Баерн Минхен

Очигледно дека екипата на Баерн Минхен нема намера да сопре со својата доминација на домашно тло, па само што започна преодниот рок во Бундеслигата, а веќе „Баварците“ доведоа две огромни засилувања. По
Go toTop