Актерката Маја Вељковиќ Пановска е нов в.д. директор на Драмски театар, Катерина Коцевска се повлече од лични причини

1 min read

Актерката Маја Вељковиќ Пановска е нов в.д. директор на НУ Драмски театар Скопје. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева која се повлекува од лични причини, соопштија од Драмски театар.

Маја Вељковиќ Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 година. По дипломирањето реализира повеќе улоги на сцените на повеќе театри низ Македонија. Од 1999 година е вработена во Драмски театар Скопје.

Од театрографијата на Маја Вељковиќ Пановска ги издвојуваме улогите на: Антонина (Земјомерот, 2000); Јованка Орлеанска (Јованка Орлеанска, 2000); Марија (Војцек, 2001); Маре (Тетовирани души, 2002); Елена (Сон на летната ноќ, 2001); Порција/ Полониј/ Гертруда/ Првата вештерка (Собрани дела Шекспир,2002); Првата пчела (Како се станува цар, 2003); Паднатиот ангел (Марисол, 2004); Мартирио (Домот на Бернарда Алба, 2004); Фроса (Кино љубов, 2007); Јелена (Комшилук наопаку, 2007); Мими (Грев или шприцер, 2011); Емилија (Баал, 2012); Младата сопруга (Вртелешка, 2012); Евридика (Евридика, 2013); Секула (Солунски патрдии, 2013); Елена (Љубовници, 2015); Фонсија Дорси (Партија реми, 2018) ; Јоана Дорек (Чудесна терапија, 2019); Газдарицата (Птица со главата меѓу нозе, 2021).

Во филмографија се забележени улогите на: Последниот фалцер (2000); Големата вода (2004); Бардо (2012); Незрели цреши (2015).

Маја Вељковиќ Пановска е добитник на наградите: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад актер на за улогата на Жената во претставата „Духот на лименката” на Македонскиот театарски Фестивал „Војдан Чернодрински “ (Прилеп, 1999); Награда за епизодна улога Димче Трајковски за улогата на Маре во претставата „Тетовирани души“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2002) и други.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

Претходно

АКТЕРКАТА МАЈА ВЕЉКОВИЌ-ПАНОВСКА Е НОВА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ

Следно

Еквадор бетонира со кокаин

Latest from Blog

Во Темза ќе се бања

Припитомувањето на Темза не би било првото пливање на Кан спротивно од струјата. Како син на