Ако мажот ги покажува овие знаци кон вас тогаш е лудо заљубен: Колку и да се крие, едно нешто прво го издава

May 15, 2024
1 min read

Кога започнуваме нова врска, се е толку ново, се е толку убаво, се е интересно. Пеперутките во стомакот непрестајно летаат, а насмевката не може да ви се симне од лицето. Тоа е веројатно еден од најубавите периоди во врската, период на кој сите се сеќаваат со многу љубов.

Потоа, по некое време, работите почнуваат да се стабилизираат и тука веќе станува појасно на какви нозе е врската. Некогаш треба повеќе време додека застанете на цврста подлога, некогаш е потребно повеќе време.

Сепак, дури и кога ни е убаво, не секогаш можеме најјасно да ги протолкуваме знаците на партнерот. Понекогаш сме несигурни и не знаеме дали навистина е заљубен во нас. Овие знаци се сигурен доказ дека тој не може без вас!

Сака да поминува време со вас

Нормално дека не е здраво, ниту нормално да биде секоја слободна минута заедно, но доколку тој ужива со вас и гледате дека не му е напор да се договори со вас за тоа каде да одите, навистина сте на правиот пат!

Ве вклучува во неговиот живот

Ве запознава со најдобрите другари, ве носи на омилените места, споделува со вас работи кои го интересираат, сака да откривате нови работи… Доколку ве вклучува во својот живот, значи и дека е подготвен да направи постојано место за вас во неговиот живот.

Не се чувствувате несигурни

Толку ви е убаво и толку се чувствувате исполнето додека сте со него, што немате ни време да размислувате дали е навистина заљубен во вас или не. Тој покажува на дело дека му значите и вие немате време да се сомневате во тоа, затоа што навистина премногу уживате, а и тој заедно со вас.

Немате проблем да бидете тоа што сте

Ако се чувствувате доволно слободни да немате потреба да ставате маски, ако едноставно ви е удобно во своја кожа и гледате дека тоа е обострано, тогаш најверојатно се работи за правото нешто. Во врските каде што не е човек сигурен како се чувствува другата страна, често се случува да се градат ѕидови и да се ставаат маски.

Покажува со дела, а не зборови

Оној кој навистина е заљубен со вас, можеби нема да може да го искаже тоа најдобро со зборови, но сигурно ќе го покаже со дела. Зборовите секој може да ги каже, но делата и начинот на кој се однесува со нас не може да излаже. Некои луѓе не знаат да се изразуваат и тешко им е да ги кажат чувствата, но обично тие што најмалку покажуваат љубов со зборови, највеќе го покажуваат тоа со дела.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈА ПА СИ ГО СМЕНИ ЛИЧНИОТ ОПИС: Руслана денес има 51 година, а многумина ќе подзинат кога ќе видат дека не е истата личност (ФОТО)

Следно

Дворски игри меѓу „таборите“ на Токсикологија

Latest from Blog

Брутално убиство во Србија: Во автомобил ја избодел поранешната сопруга

Тело на жена е пронајдено утринава во автомобил во приградска населба во Крагуевац, објавија српските медиуми. Според неофицијални информации, за убиство е осомничен Б.Р., поранешен сопруг на убиената 41-годишна жена. Жената наводно

Салија во 24 анализа: Бараме ние како средно медицински персонал да бидеме препознаени и да имаме наш закон и наша комора

Џеват Салија, медицински техничар од болницата во Гостивар во 24 анализа рече дека, ситуацијата со медицинските сестри е специфична. Според него, најголем проблем е тоа што не се пепознаени и не се

Алијанса за Албанците ја напушта Владата, Таравари: Одлучивме да се вратиме кај народот!

По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.  Како што информираше Арбен Таравари, до оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и законот за јазиците.  Таравари меѓу другото рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија. ИЗВОР: ТВ 21

Гешоска во Аргумент плус: Потребна е поголема финансиска поддршка за Саемот на книга

Искра Гешоска претседателка на „Контрапункт“ во Аргумент плус рече дека, читачкиот пазар во Македонија е мал. Според неа, потребни се модели на финансирање со кои ќе се поддржи Саемот на книгата. „Покомплексен
Go toTop