Ахмети апелира да нема партиски вработувања

January 17, 2023
1 min read

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во изјава за медиумите рече дека се согласува да нема партиски вработувања и да се почитуваат професионалните вештини и квалификации на личностите.

„Во принцип се согласувам дека работите не треба да се случуваат вака. Треба да има меритократија, да се почитуваат професионалните вештини и квалификации. Но, мора да имаме на ум дека квалификувани работници, луѓе со знаење бегаат од нашата земја за подобри плати во Европа и тоа е нешто што најмногу ме загрижува, рече Ахмети на манифестацијата по повод годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег.

На новинарско прашање што презема за да ги спречи директорите на јавните институции да вработуваат партиски кадри, Ахмети рече дека ова е определба на која мора секој ден да се апелира до директорите, до извршната власт, за да се почитува меритократијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пленковиќ: Наплативме 234.000 евра казни за неправедно зголемување на цените

Следно

Прилепчанец нападнат од роднина со тврд предмет

Latest from Blog

Додик за распишаната меѓународна потерница: Продолжува злоупотребата на судството за политички цели

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако по него беше распишана меѓународна потерница, денеска од Израел изјави дека продолжува злоупотребата на судството на Босна и Херцеговина (БиХ) за политички цели. -Ништо необично,

Во Турција уапсени речиси 1.900 лица кои учествувале во протестите поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Турција денеска ја отфрли меѓународната „осуда“ за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и протестите кои следеа, а властите соопштија дека уапсиле речиси 1.900 луѓе поради учество во демонстрациите. Имамоглу, главниот

Сопствениците на ПСЖ ја купуваат Малага за 100 милиони евра

Конзорциумот „Катар Спорт Инвестментс“, во чија сопственост е Пари Сен Жермен, покажува голем интерес за преземање на шпанскиот второлигаш Малага, пренесуваат денеска шпанските медиуми. Шпанскиот клуб во моментов е во сопственост на
Go toTop