Агенција Анадолу го сними водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, како излегува од новата куќа во Пенсилванија

2 mins read

ЊУЈОРК (АА) – ИСЛАМ ДОГРУ –

Агенција Анадолу го сними водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, како излегува од новата куќа, во која престојува откако е преселен во април оваа година од вилата во Пенсилванија, Соединетите Американски Држави, пишува Анадолу.

Водачот на терористичката организација ФЕТО, Ѓулен, живее во Пенсилванија од 1999 година.

Агенција Анадолу го сними водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, како излегува од новата куќа, во која престојува откако е преселен во април оваа година од вилата во Пенсилванија, Соединетите Американски Држави.

Репортерскиот тим на Анадолу откри дека Ѓулен живее во голема куќа на адресата „260 Кенел Роуд, Сајлорсбург, 18353 Пенсилванија“, на околу 12 минути оддалеченост од „Chestnut Retreat Center“, вилата позната како седиште на ФЕТО.

Според порталите за недвижнини, куќата изградена во 2008 година на околу 12.000 метри квадратни земја, има три соби и четири тоалети и внатрешна површина од околу 400 метри квадратни.

Куќата, која е затскриена со шума, е проценета на околу 887 илјади до 1 милион долари, и е добро заштитена со безбедносни камери.

Се смета дека куќата е купена во 2023 година од Месерет ЛЛЦ, компанија во сопственост на Џевдет Туркјолу, еден од челниците на организацијата ФЕТО, и неговите деца, кои наводно се одговорни за личната нега и грижа за Ѓулен.

– Куќата снимена со дрон –

Екипата на агенција Анадолу ја сними куќата со дрон, во чиј двор, како што може и да се види, има четири луксузни возила, моторни санки и камп-приколки.

Додека екипата на Анадолу го снимаше подрачјето, од дворот излегоа две луксузни возила. Во еден момент камерата го сними и Ѓулен како седи на совозачкото седиште во црн мерцедес.

Двете луксузни возила се оддалечија кон непозната локација и го одведоа Ѓулен од подрачјето.

– Повикана полиција –

Луѓето кои биле во куќата во која престојува Ѓулен повикаа полиција.

По разговорот со тимот на Анадолу, полицијата си замина, барајќи од репортерскиот тим да не влегува во приватниот имот на Ѓулен и да внимава на патот каде што се одвива сообраќај.

Некои луѓе од организацијата ФЕТО на социјалните мрежи објавија дека водачот на ФЕТО во април годинава без негова согласност бил одведен на друга адреса од вилата „Chestnut Retreat Center“ во Пенсилванија, каде што престојуваше од 1999 година.

Се верува дека Туркјолу, кој е одговорен за личната грижа за Ѓулен, и Мустафа Озџан, еден од главните актери на обидот за пуч на 15 јули во Туркије, го однеле од седиштето на ФЕТО и го затвориле на непозната локација за да ги контролираат финансиските средства на организацијата во случај на смрт на Ѓулен.

Ебуселеме, синот на Месих Ѓулен, помладиот брат на водачот на ФЕТО, на социјалната мрежа Х објави дека Ѓулен е однесен од вилата без негова согласност и држен на место каде што неговите следбеници не можеле да дојдат, што предизвикало жестоки расправи во самата организација.

Ебуселеме рече дека Туркјолу ја искористил својата силна позиција во групата за дополнително да го зголеми своето лично богатство.

– Терористичката организација ФЕТО –

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, и чија екстрадиција Туркије официјално ја има побарано од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, на тој начин инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа со монтиран процес за наводна корупција да процесуираат голем број високи функционери.

Неколку години подоцна следеше крвавиот обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч извршен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што таа е активна. На ова во повеќе наврати укажуваа турските власти. За време на обидот за пуч во Туркије загинаа 253 лица, а над 2.730 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Колку време е потребно за Законот за правична застапеност? И ВРЕДИ се согласува текстот да се испрати за мислење до Венедијанската комисија

Следно

Нов светски рекорд: Чепнгетич истрча најбрз маратон во историјата

Latest from Blog