Аеродромот „Истанбул“ најпрометен воздушен центар во Европа минатата недела

1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот аеродром „Истанбул“ остана најпрометен воздушен центар во Европа од 1 до 7 јули со просечни 1.500 лета дневно, објави денес Европската организација за безбедност на воздушната навигација (Евроконтрол), јавува Анадолу.

Бројката е намалена за 2 отсто во однос на претходната недела, покажаа податоците на Евроконтрол.

По аеродромот „Истанбул“ следува парискиот „Шарл де Гол“ со 1.412 лета дневно, амстердамскиот со 1.407 лета, лондонскиот „Хитроу“ со 1.332 лета и Франкфурт со 1.322 лета.

Аеродромот „Анталија“ во турскиот медитерански туристички град се рангираше на осмо место најпрометни воздушни центри во Европа, со 1.040 лета дневно минатата недела.

Во Европа се регистрирани вкупно 34.461 лет дневно во просек, што е раст од над 0,6 отсто во однос на една недела претходно.

Велика Британија беше најфреквентна земја со 6.267 лета, вклучително и прелетите, од 1 до 7 јули.

Следува Шпанија со 5.965 лета, Германија со 5.352 лета, Франција со 4.950 лета и Италија со 4.714 лета минатата недела.

Туркије е на шесто место најпрометни земји во Европа со 4.011 лета.

„Рајанер“ е авиокомпанија на врвот со реализирани 3.596 лета дневно, а „ИзиЏет“ е на второ место со 1.829 лета дневно. На трето место по просек на летови дневно е „Туркиш ерлајнс“ со реализирани 1.598 лета.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Вкупното население на земјите од ЕУ се зголеми на 449,2 милиони

Следно

Релациите со соседите само на маргините на самитот на НАТО

Latest from Blog