Адвокатите Бланч и Такопина: Трамп беше фрустриран, нервозен и депримиран, но ова нема да го обесхрабри

April 4, 2023
1 min read

Запрашан како се чуствувал експретседателот во судницата кога го слушнал обвинението, адвокатот Бланч изјави „што мислите, како се чувствуваше? Беше фрустриран, вознемирен и разочаран“

По завршувањето на првото рочиште од судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по обвинението за фалсификување деловни книги и заговор, неговите адвокати Тод Бланч и Џозеф Такопина, пред судот изјавија дека „денеска е тажен ден за нашата земја, затоа што на поранешен претседател му се суди за политичко прашање“.

„Вие не го очекувате ова во оваа земја, не очекувате ова да му се случи на поранешниот претседател“,

рече адвокатот Бланч.

Запрашан како се чуствувал експретседателот во судницата кога го слушнал обвинението, адвокатот Бланч изјави „што мислите, како се чувствуваше? Беше фрустриран, вознемирен и разочаран“. Но, додаде, дека поранешниот претседател „нема да биде обесхрабрен од ова“.

Адвокатот Такопина изјави дека тие како одбрана биле „изненадени што немаше докази“.

Правниот тим на Трамп беше запрашан од мноштвото новинарски екипи и зошто експретседателот во неговата денешна електронска порака упати навредливи зборови за судијата и неговото семејство.

Американската телевизија Ен-би-си наведе дека во судницата Трамп, наводно, бил предупреден од судијата Хуан Мерчан за тоа што го кажува и објавува на социјалните мрежи.

Попладнево, пред почетокот на судењето, Трамп од својот дом во кулата „Трамп“, го обвини судијата и неговото семејство дека се „мразачи на Трамп“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни како невин во судот во Менхетен, каде што по неговото формално апсење му се суди за 34 точки од обвинението, јавија американските медиуми. Трамп е обвинет дека ѝ платил на порноѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нејзината врска со него пред неговата претседателска кандидатура во 2016 година.

Следното рочиште на судењето на Трамп е закажано за 4 декември.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Настанот кој ќе ја одбележи оваа пролет: Бајага и „Инструктури“ во сабота во ноќниот клуб „Pure“

Следно

Објавено е целото обвинение за Трамп

Latest from Blog

УБАВИНА БЕЗ ФИЛТЕР: Зошто природниот изглед се враќа, по години перфекционизам

Уморни сме од совршенството што не постои – и конечно ја избираме автентичноста пред илузијата. Со години гледаме лица без пори, тела без несовршености и животи без грешки. Филтрите станаа вообичаени, а

Муцунски: Делегацијата во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за
Go toTop