Адеми од трибина на ДУИ: Трајанов и сличните нему се против европскиот фронт

January 25, 2023
1 min read

Координаторот на пратеничката група на ДУИ и потпретседател на партијата, Арбер Адеми синоќа од партиска средба со симпатизери од тетовските шарпланински села упати порака дека коалицискиот партнер Павле Трајанов е против создавање на сојуз „За Европа“ бидејќи, рече, просто – математички брои функционери Албанци. Адеми реагира на изјавата на Трајанов според која тој би поддржал проширување на Владата со Алијанса за Албанците доколку не се наруши „правичната етничка застапеност“ и доколку само ДУИ на Алијанса ѝ отстапи свои позиции во власта.

„Нашиот лидер Али Ахмети има за цел да се постигне напредок во општеството, младите иднината да ја гледаат тука, за тоа ни е потребен и сојуз внатре во земјата за да се отворат вратите на ЕУ. Не ни е потребен сега луксуз па да го сопираме европскиот пат заради партиски интереси. И не треба сега да ѝ се наштети на партиската организација на ДУИ. Но, од друга страна, слушнавме ‘хејтерска’ изјава на Павле Трајанов, како и на некои други, кои велат дека можело да има најмногу пет или шест Албанци како министри. Со нивната ‘правична заастапеност“ тие се прикажуваат дека се против создавање на заеднички европски фронт. Но ние можеме и треба да го следиме нашиот претседател кој работи на унапредување на позицијата на Албанците, но и на сите луѓе во општеството, затоа повикуваме на единство, не на поделба“, рече Адеми.

„Со еден старец разговаравме за 2001 година. Тој мене ми даде многу добра реплика. Правиш грешка, ми рече. Времето не треба да се дели на тоа пред и тоа по војната, туку на времето пред и по Али Ахмети“, рече во своето обраќање Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ.

„Ве охрабрувам да го поддржиме фронтот ‘За Европа’ низ оваа пред-кампања, затоа што оваа земја и овој народ заслужуваат да бидат во Европа, Но, без да ги напишеме нашите домашни задачи таа работа ќе оди многу тешко. Затоа ни е потребно единство во политиката, единство во државата“, рече во обраќањето пред членовите, симпатизерите и граѓаните на неколку села над Тетово лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

НАТО ја поздрави одлуката на Берлин да дозволи испораки на тенкови за Украина

Следно

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop