Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок

March 24, 2023
1 min read

Премиерот на Црна Гора, во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека се согласува со ставовите дека предвремените избори треба да се одржат што е можно поскоро, но смета дека тоа треба да се случи низ „правна процедура“ и дека „правилен начин“ е да се скрати мандатот на Парламентот на Црна Гора.

Абазовиќ во интервју за Глас Америка оценува дека Указот на претседателот Мило Ѓукановиќ за распуштање на Собранието и закажување избори за 11 јуни не е во согласност со таа процедура, бидејќи тој мора да го донесе указот врз основа на некои претходни одлуки.

– Тие одлуки треба да следат по одлуките на парламентот, односно на парламентарното мнозинство. Во спротивно, тој указ можеше да го донесе во август минатата година, или кој било ден минатата или оваа година, а не три дена пред првиот круг на претседателски избори, кога се проверува и неговата работа имајќи предвид дека тој е еден од кандидатите, рече Абазовиќ, кој е во посета на САД.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Советот на Европа изрази загриженост поради употребата на сила на протестите во Франција

Следно

Бајден и Трудо најавија дека склучиле договор за борба против илегалната имиграција

Latest from Blog

„Опасниот момак“ од филмовите на Тарантино: Улогите по кои ќе го паметиме Мајкл Мадсен

Мајкл Мадсен, познатиот американски актер најпознат по своите улоги во филмовите на Квентин Тарантино, почина на 68-годишна возраст поради срцев удар. Смртта на актерот ја потврди неговиот менаџер Рон Смит, а Мадсен

Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мора да се направат уставните измени

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево
Go toTop