Собранието донесе неколку законски решенија

January 22, 2025
1 min read

Собранието во рамки на денешната 31. седница донесе неколку законски решенија откако за нив претходно била завршена расправата.

Пратениците ги изгласаа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство – Прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, Предлог на законот за изменување на Законот за градење и Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка.

Беа изгласани и финансиски планови на неколку институции – Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година со дополнување и пренамена на средства, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со пренамена на средства, Предлог на одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година и Предлог на одлуката за давање на согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, и двата во второ читање.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот

Следно

Александар Гелевски, нов директор на Агенцијата за планирање

Latest from Blog

Министерката Божиновска и амбасадорката Агелер: Силно партнерство со САД – Разговори за енергетска иднина

Средба помеѓу министерката Сања Божиновска и амбасадорката на САД, Н.Е. г-ѓа Ангела Агелер: Продолжување на дијалогот за енергетска соработка. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со

ПОЧИНА СЛИКАРОТ И РЕЖИСЕР КОЛЕ МАНЕВ

Почина сликарот Коле Манев, еден од најеминентните македонски ликовни уметници, објави неговото семејство. Имаше 83 години. Манев е роден на 11 ноември 1941 во Бапчор, Егејска Македонија. Манев спаѓа меѓу најреномираните сликари,

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Коле Манев, сликарот кој ја носеше и сликаше болката на Егејците

Коле Манев, познатиот македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, почина денеска на 83-годишна возраст. Карактеристично за целото творештво и уметничкото дејствување на Коле Манев е нишката на болката и

Два билошки лекови за онколошките пациенти ќе бидат донирани, останатите достапни за 10-на дена

Два билошки лекови што ги нема на онкологија, пациентите ќе ги добијат неделава преку донации, а останатите ќе се набават преку анекс договори со производителот и се очекува да пристигнат за десеттина
Go toTop