Имаше ли некаков ефект новогодишната кошничка – Инфлацијата е над 10 посто, а трошоците за живот пораснале за 391 денар

January 21, 2025
1 min read

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска објави дека синдикалната минимална кошничка за јануари 2025 година изнесува 63.252 денари, што е зголемување од 391 денар во однос на декември 2024 година. На прес-конференцијата, тој нагласи дека само делот за храна и пијалоци од кошничката бележи раст од 123 денари за 63-те основни производи.

Трендафилов оцени дека реалната инфлација во Македонија е над 10%, значително повисока од официјалната стапка од 3,5%. Според него, цените на производите фиктивно се намалуваат, додека трговците се богатат на сметка на граѓаните.

– „Трговците се алчни и го користат секој момент за дополнително збогатување. Она што сега го ветуваат, дека ќе ги задржат цените на основните производи, е само мамка за да избегнат намалување на цените кои веќе паѓаат на светските берзи. На пример, цената на житните култури минатата година е намалена за 13,6%, а кај нас лебот поевтини само за еден денар – од 33 на 32 денари. Нема никакви намалувања кај брашното, тестенините, зејтинот, млекото и другите основни производи,“ истакна Трендафилов.

Претседателот на ССМ го критикуваше и ефектот од мерката „Новогодишна кошничка“, оценувајќи дека немало вистинско намалување на цените на околу 1.000 производи.

– „Во следниот период ССМ ќе преземе поостри мерки за да ги информира граѓаните што е добро, а што е лошо. Трговците се лош пример за македонската економија, ако знаеме дека минатата година имаа рекордни добивки и профити. Ќе ги објавиме сите завршни сметки на големите синџири маркети и ќе ги презентираме на јавноста,“ порача Трендафилов.

ССМ најавува дека ќе продолжи со притисокот врз трговците и ќе бара поголема транспарентност и намалување на цените, особено во услови кога македонските граѓани се соочуваат со висок трошок на живот.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Слаб снег на Ѓавато и Плетвар, магла на патот кон Попова Шапка

Следно

Трендафилов: Прифатено е барањето за средба со Владата, очекуваме да се реализира во најкраток можен рок

Latest from Blog

Дипломатска офанзива за позитивни промени во Западен Балкан

Дипломати и експерти од НВО од Македонија, Албанија и Босна и  Херцеговина, како и Црна Гора и Косово  утре ќе дебатираат како преку дипломатски вештини и комуникацијата меѓу граѓанските организации и граѓанските

Знамињата во Туркије спуштени на половина копје поради трагичниот пожар во ски-центарот

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Знамињата во Туркије беа спуштени на половина копје денес, 22 јануари, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган прогласи ден на жалост за жртвите во разорниот пожар во ски-центарот

Клековски очекува неделава да се надмине недостигот на два лека на Онкологија

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски очекува неделава да се надмине недостигот на два лека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Другите лекови, како што појасни тој
Go toTop