Митева: Упоз протестира без да ги исполни законските услови

January 14, 2025
1 min read

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес-конференција посочи дека не се исполнети законските услови за протестот што се одржа од страна на Синдикатот на УПОЗ и напомена оти постојат сомнежи дека истиот е политички мотивиран. Таа подвлече дека Владата е партнер на сите и е отворена за сите предлози и сугестии.

-Секој штрајк треба да биде организиран во согласност со Законот за работни односи и колективните договори. Треба да биде најавен согласно Законот, да биде спроведена и постапката за помирување која воедно е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи за жал ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвора силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран, рече Митева.

Според Митева, изненадува фактот првиот чекор што го презема УПОЗ наместо дијалогот, кој е прв демократски начин и метод за функционирање.

Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата. На протест излегоа вработени од министерствата за животна средина, за дигитална трансформација, за шумарство и водостопанство, за правда, за култура и туризам, за економија и труд и за транспорт.

Протестите, како што е најавено, ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Повеќе од 100 загинати во затворен рудник за злато во Јужна Африка

Следно

Во Бугарија финишираат преговорите за Влада: Атанасовски вели коалицијата би имала поостри тонови за Македонија

Latest from Blog

Еве од кога ќе биде во прекин работењето на системот е-Даноци

Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен. Во овој

Левица: Односот на Гаши кон “интерпелацијата” ја ставаат ВМРО ДПМНЕ во потчинета положба

Изјавите во однос на интерпелацијата на пратеничката Даути, кои деновиве доаѓаат од т.н албански политички блок и од претседателот на Собранието, Африм Гаши, само ја покажуваат нивната неуставна политичка култура на дејствување,

Криминалците од ДУИ каде Груби уште членува реагираат за Андоновска затоа што спречи криминал во ИЈЗ кој се правел 15 години

Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и во реакцијата кон директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска која отворено се бори против затекнатиот братски криминал на

Радев денеска ќе му го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на влада во рамките на 51-то свикување на Народното собрание на кандидатот за премиер предложен од најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС.
Go toTop