Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одбележа Бадник

January 6, 2025
1 min read

Верскиот празник „Бадник“, ден пред Христовото раѓање, Божиќ, беше одбележан денеска во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Традиционалниот настан започна со химна и подигнување на бадникарско знаме. Свештени лица извршија осветување на бадникови гранчиња, но и на кумовата погача, што подоцна беше поделена помеѓу присутните. Беше примопредаден и бадникарскиот ќуп.

Пред присутните се обратија минатогодишниот бадникарски кум Божидар Јанковски, новиот кум Радомир Макеларски и здравичарот меѓу бадникарите, Атанас Петров, како и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

„Живееме во времиња на бурна демократија. Да се потрудиме на новите генерации да им овозможиме подобра иднина. А вие, избраните претставници од народот, во општините и Градот, потрудете се да го направиме ова наше Скопје уште поубаво и посреќно место на живеење“, порача Петров.

Градоначалникот Герасимовски рече дека празниците зближуваат и посака убави празнични денови со спокој, љубов и благосостојба.

„Да се обединиме, да правиме добри дела и да сме солидарни со оние, на кои сме им потребни. Да ја чуваме традицијата што обединува и да ја пренесуваме на идните генерации“, истакна Герасимовски.

Во своето обраќање, Макеларски рече дека бадникарскиот ќуп е голем трофеј за него и неговото семејство, ќупот не се купува, но, не се ни продава.

„Од ова место, сакам на сите, без разлика на вера и националност, да им порачам, да се сплотиме сите заедно, да живееме во слога и мир“ , нагласи новиот бадникарски кум.

Кумот традиционално доаѓа и си оди со зурли и тапани, со пајтон, со што, како што беше кажано, се почитува пајтонот како заштитен знак на старо Скопје. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Расчистен сообраќајниот метеж во Маврово: Полицијата со апел до возачите за да не се повтори вчерашниот хаос

Следно

Зголемен бран на пациенти со сезонски симптоми: Лекарите препорачуваат постојани контроли

Latest from Blog

Два синдикати во Германија одлучија да ја напуштат платформата „Х“

БЕРЛИН (АА) – Германскиот синдикат на услуги „Верди“ и Синдикатот за образование и наука „ГЕВ“ одлучија да ја напуштат платформата за социјалните медиуми „X“, известува Анадолу. Синдикатите „Верди“ и „ГЕВ“ дадоа заедничка

Новак Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека го хранеле со токсична храна за време на неговото апсење на Австралија Опен во 2022 година. – Кога се вратив дома, почнав да имам здравствени проблеми.

Претставничкиот дом на САД го усвои законот за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд

ВАШИНГТОН (АА) – Претставничкиот дом на САД во четвртокот го усвои нацрт-законот за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) во знак на протест поради налозите за приведување на израелските официјални лица,

Тројца македонски државјани краделе по станови во Хрватска, еве што им нашла полицијата

Службеници на Службата за општ криминал на ПС Приморско-горанска и полициска станица Риека, по кривична истрага открија серија тешки кражби со кршење и влегување по станови. Тројца македонски државјани на возраст од
Go toTop