Герасимовски: Култната сала Работнички во Градскиот парк ќе блесне во ново руво

January 4, 2025
1 min read

Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика. Во првата фаза до месец март планираме да поставиме нов кров и фасада, како и комплетно реновирање на канцелариските простории кадешто беа сместени спортските федерации. Новитет е тоа што ќе го прошириме теренот, ќе се постави нова еластична подлога и подно греење, а целиот простор ќе се климатизира. Ќе бидат поставени нови инсталации за електрична енергија, современо осветлување и водовод. Наместо досегашните бетонски клупи ќе поставиме 891 седиште“, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Герасимовски, истакнува дека култната сала која е симболот на Скопје ќе биде реконструирана според највисоки стандарди за квалитет и согласно стандардите и процедурите на ФИБА.

Спортската сала Работнички ќе биде енергетски ефикасна со што значително ќе се намалат трошоците за енергија.

„Го враќаме сјајот на Работнички, покрај реконструкцијата на гледалиштето, предвидено е и обновување на туш кабините, поставување нова опрема, кошови и друга потребна инфраструктура“, вели Герасимовски.

Салата Работнички се реконструира за првпат по 50 години, а градоначалникот Горан Герасимовски е единствениот градоначалник од сите досегашни којшто ја враќа во живот оваа спортска сала која години наназад беше оставена да се распаѓа.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Возете внимателно: Намалена видливост поради магла на патот Гајре- Попова Шапка

Следно

Трагедија, девојка паднала од зграда и починала

Latest from Blog

Најмалиот етно музеј во Џепчиште, најголема училница за културно наследство

Викендичката во тетовско Џепчиште во која од 1991 година Симеон Златев-Моне чува околу 2000 стари предмети, освен што наликува на мал етнолошки музеј, претставува и една голема училница за културно наследство. Тука
Go toTop