Дванаесет мртви во масакрот во Цетиње, сторителот се самоуби

January 2, 2025
1 min read

Тридневна жалост во Црна Гора по масакрот во Цетиње на стартот од 2025 година. Осомничениот, Ацо Мартиновиќ, се самоуби откако претходно уби најмалку дванаесет лица. Меѓу жртвите две деца на возраст од 10 и 13 години а во крвавиот поход настрадале и најблиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.

45-годишниот Мартиновиќ, избегал веднаш по нападот, а  полицијата подоцна го пронашла во објект недалеку од куќата каде што живеел. По неколкуи часа преговори, убиецот одлучил си го одземе животот.

„Полицијата направи прстен околу него. На наредба да го спушти оружјето, си пукаше во главата. При обидот да го пренесеме во болница, им подлегна на повредите. Осомничениот имал одредени прекини во комуникацијата со роднините и пријателите, а можам да потврдам и дека сите загинати биле негови кумови, пријатели, другари со кои поминувал време. Мотивот за овој чин се уште не е познат.“ – Лазар Шќепановиќ  директор на полициската управа на Црна Гора.

Убиствата почнале во ресторан во близина на Спортскиот центар во Цетиње каде избила тепачка меѓу убиецот и гостин. Непосредно после инцидентот,  Мартиновиќ отишол дома, земал пиштол, се вратил во кафеаната и убил четири лица. На друга локација потоа ги застрелал и членовите на неговото семејство како и двете деца. Здравствените власти предупредуваат дека бројот на загинати може да се зголеми. Во болница, со тешки повреди, примени се четири лица.

„Сите четворица ранети се оперирани синоќа. Сите се наоѓаат на одделот за интензивна нега, нивните повреди се сериозни, но виталните параметри моментално се стабилни.“ – Александар Радовиќ директор на Клиничкиот центар во Подгорица.

По последните убиствата, црногораскиот премиер побара промена на законите и построга контрола за тоа кој смее да поседува оружје. За утре свикана вонредна седница на Советот за национална безбедност каде според најавите, ќе се разговара за воведување итни мерки за откривање и конфискација на нелегално оружје, јакнење на безбедносните институции и подготовка на нов Закон за оружје со построги контроли за издавање дозволи.

Во август 2022 година, исто така во Цетиње, вооружен напаѓач застрелал десет луѓе пред да биде убиен.

„Треба да се запрашаме кој може да има оружје во Црна Гора, мора да се заострат критериумите и казните.“ – Милојко Спајиќ премиер на Црна Гора.

Во Цетиње, улиците празни а знамињата на половина копје. Жителите во шок по убиствата кои се случија во нивниот град.

„Не можеме да се опоравиме. Не на ваков начин. Можеме да бидеме подобри само ако сме сите заедно. “

„Ужасна трагедија. Никогаш нема да се опоравиме од убиствата кои се случија. Не е ова Париз, ова е Цетиње. “

„Првин ја имавме катастрофата пред две ипол години а сега и ова. Им дозволуваат на луѓе да чуваат оружје, а кои не смеат да имаат оружје.“

По страшната трагедија во Цетиње, во Црна Гора прогласени денови на  жалост. Сите празнични настани и концерти се откажани ширум земјата, а пораки со сочуство пристигнуваат од целиот регион.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Судски совет утре бира нов претседател

Следно

Нови повисоки цени на туристичката такса за отпорност на климатски кризи во Грција

Latest from Blog

Мицкоски го прослави Бадник кај родителите – еве кај кого се падна паричката

Премиерот Христијан Мицкоски го прослави Бадник кај своите родители, а паричката се падна кај неговиот син Антониј. „Оваа година, за Бадник кај моите родители, семејната топлина и радост беа дополнети со едно

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Поради неисчистени патишта од страна на државното претпријатие Македонија пат и задоцнета реакција на СВР Тетово бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Само пред неколку дена се

Мицкоски утре на свечена божествена литургија во Соборниот храм

Утре 07.01.2025 година (вторник), претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање- Божиќ во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во

Ердоган: Туркије ќе продолжи со напорите за мир во Газа додека не се постигнат резултати

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потврди непоколебливата посветеност на Туркије за постигнување мир во Газа, истакнувајќи дека земјата ќе истрае во своите напори „додека не постигнеме резултати“, јавува

Делегација на Анадолу ја посети Сириската новинска агенција со цел зајакнување на соработката

ДАМАСК (АА) – Делегација предводена од Јусуф Озхан, заменик генерален директор и главен уредник на Анадолу, оствари средба со претставници на Сириската новинска агенција (САНА) во главниот град на Сирија, Дамаск. Озхан,
Go toTop