Додека да биде укинат, Судскиот совет утре избира нов претседател 

January 2, 2025
1 min read

Судскиот совет утре на седница ќе избира нов претседател, откако поранешната претседателка, Весна Дамева, пред еден месец поднесе неотповиклива оставка, а изборот беше одложен до комплетирање на составот со изборот на двајца нови членови од редот на судиите. 

Првиот човек на Судскиот совет и неговиот заменик се бираат од членовите со право на глас, откако Уставниот суд во март 2023 го укина ограничувањето тие да се избираат само од редот на членовите избрани од Собранието. 

Претседателот на Советот се бира со најмалку осум гласови од членовите на Советот со право на глас.

Парламентот во декември изгласа негативен извештај за работата на Судскиот, што отвори го отвори прашањето за разрешување на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

Претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека „не се исклучува можноста да почне постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет избрани во Собранието“, но истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд за тоа. 

Премиерот Христијан за МИА вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема легитимитет кај граѓаните.

Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца на предлог на Претседателот на државата. По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои учествуваат во работата на Советот без право на глас.

Петмина од членовите од редот на судиите беа израни минатата година. Во декември судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип, претходно во септември беше избрана судијката Џенета Бектовиќ од Основниот кривичен суд Скопје како член на советот од редот на судиите припадници на заедниците, кои се помалку од 20 проценти од населението во државата, додека во јуни нови членови станаа судиите Исамедин Лимани од Врховниот суд и Александар Камбовски, од битолското апелационо подрачје. 

Останатите тројца членови на Советот од редот на судиите се судијката Антоанета Димовска избрана во јули 2023 година, судијата Ивица Николовски избран септември 2022 и Ханиф Зендели избран во јануари 2020 година. 

По предлог на Претседателот членови на Советот се Весна Дамева, избрана во декември 2019 година и Миљазим Мустафа избран во јули 2019 година.

Членовите на Советот кои се бираат од Собранието се Тања Чачарова-Илиевска избрана во декември 2021 година, Павлина Црвенковска избрана во декемри 2020 година и Селим Адеми избран во декември 2019 година.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија

Следно

Ни доаѓа влажен бран со дожд и снег

Latest from Blog

Мицкоски го прослави Бадник кај родителите – еве кај кого се падна паричката

Премиерот Христијан Мицкоски го прослави Бадник кај своите родители, а паричката се падна кај неговиот син Антониј. „Оваа година, за Бадник кај моите родители, семејната топлина и радост беа дополнети со едно

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Поради неисчистени патишта од страна на државното претпријатие Македонија пат и задоцнета реакција на СВР Тетово бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Само пред неколку дена се

Мицкоски утре на свечена божествена литургија во Соборниот храм

Утре 07.01.2025 година (вторник), претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање- Божиќ во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во

Ердоган: Туркије ќе продолжи со напорите за мир во Газа додека не се постигнат резултати

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потврди непоколебливата посветеност на Туркије за постигнување мир во Газа, истакнувајќи дека земјата ќе истрае во своите напори „додека не постигнеме резултати“, јавува

Делегација на Анадолу ја посети Сириската новинска агенција со цел зајакнување на соработката

ДАМАСК (АА) – Делегација предводена од Јусуф Озхан, заменик генерален директор и главен уредник на Анадолу, оствари средба со претставници на Сириската новинска агенција (САНА) во главниот град на Сирија, Дамаск. Озхан,
Go toTop