Тринаесетгодишно дете ќе остане со траен инвалидитет на раката по повреда од петарда

January 1, 2025
1 min read

Тринаесетгодишно дете со сериозна повреда на раката од петарда е примено на Ургентниот центар на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ) за време на новогодишната ноќ. Детето е оперирано на Детската клиника, но според д-р Игор Мерџаноски, повредата ќе остави траен инвалидитет на раката.

Во текот на новогодишната ноќ, на Клиниките за токсикологија, хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и ТОАРИЛУЦ е забележан намален број пациенти во споредба со минатата година.

На Клиниката за токсикологија биле примени 21 пациент со акутни труења од алкохол, меѓу кои и еден случај на мешање алкохол со таблети.

„Новогодишното дежурство помина релативно мирно. Прегледани се 21 пациент, од кои 18 со акутни труења од алкохол. Четири пациенти се жени, а 14 мажи. Најмладата пациентка има 17 години, а најстарата 26. Од машките, најмладиот пациент има 14 години, а најстариот 38. Сите пациенти се пуштени на домашно лекување,“ изјави д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.

На Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ се прегледани 81 пациент, што е вообичаен број.

„Имавме пет пациенти од сообраќајки, тројца од физички пресметки и три операции. За среќа, кај нас немаше повреди од петарди за време на новогодишната ноќ, иако овој месец имавме околу 50 повреди од петарди кај малолетници. Петардите со поголемо барутно полнење сè почесто предизвикуваат траен инвалидитет кај пациентите,“ изјави директорот, д-р Небојша Настов.

На ТОАРИЛУЦ биле примени 35 пациенти, девет од нив поради сообраќајни несреќи со лесни повреди, а две лица се резултат на физички пресметки.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нови правила при регистрација на возилата во рамки на „Безбеден град“

Следно

Тошковски: Новогодишната ноќ генерално помина мирно, 29 кривични дела, приведени 33 лица

Latest from Blog

Православните верници го слават Бадник

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Семејството на Бадник се

„ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ И „БРУТАЛИСТ“ ПОВЕДОА ВО ТРКАТА ЗА ОСКАРИ СО ТРИУМФОТ НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

„Емилија Перез“ доби четири, а „Бруталист“ три златни глобуси, поведувајќи во трката за Оскари. Нискобуџетниот „Бруталист“, кој следи маж кој го преживеал Холокаустот и доаѓа во Америка за да биде архитект, е

Земјотрес го стресе Скопје ноќеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија вечерва, на 5 јануари 2025 година во 23:12 часот, регистрираше земјотрес со епицентар 24 километри северозападно од Скопје. Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот

Дебар маалчани и годинава го запалија огнот во предвечерието на празниците Коледе, Бадник и Божик

Вечерва скопје блесна од огновите што се запалија во контекст на чествувањата на големиот христијански празник Божик. Дел од верниците се собираат околу огновите околу кои седат цела вечер пеат коледарски песни

Николоски: Три големи инфраструктурни проекти пуштаме во употреба за неколку недели

За неколку недели пуштаме во употреба три големи капитални проекти. Првиот веќе го пуштивме во употреба, а тоа експресниот пат Куманово – Страцин – Крива Паланка. Вториот е експресниот пат Градско -Дреново
Go toTop