Градинките и училиштата во Центар ќе донираат 300.000 денари за Турција и Сирија

February 20, 2023
1 min read

Општинските училишта и градинки во Центар ќе донираат 300.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија по повод Светскиот ден на социјалната правда – 20 февруари.

-Одбележувањето на овој ден се темели на основните принципи за соживот и колективен развој помеѓу народите, а фокусот е насочен кон фер и праведни резултати за секого преку социјалната заштита, правдата и социјалниот дијалог. По тој повод, во рамки на центарските училишта и градинки се организираше хуманитарен настан за собирање парични средства кои ќе бидат донирани за помош на населението во Турција и Сирија, а покрај средствата учениците донираа и детска облека и средства за хигиена, соопшти Општина Центар. 

Градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на вработените во градинките и училиштата, на родителите и учениците кои, како што вели, несебично се вклучија во оваа хуманитарна мисија. 

-По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, со помош од швајцарската влада е реализиран проектот за изградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ и оттогаш ова училиште претставува симбол на квалитетно образование, но и симбол на солидарност помеѓу Швајцарија и Република Северна Македонија. Сакам јавно да им се заблагодарам на воспитно-образовниот кадар од сите основни училишта и градинки во Општина Центар, како и на родителите и на учениците кои несебично се вклучија во оваа хуманитарна мисија за помош на Турција и Сирија, изјави Герасимовски

Паричната помош во износ од 300.000 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија наменета за населението погодено од земјотресите во Турција и Сирија.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

На 1 март учениците од четири турски области погодени од земјотресите се враќаат во училиштата

Следно

Од оваа зграда стојат само столбовите – кога ќе видите што има на покривот ќе сфатите зошто не се срамнила со земја, природата е чудо (ФОТО)

Latest from Blog

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако
Go toTop