Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од него, мора да го сменат пристапот кон играта.
„Треба многу нешта да промениме. Најпрво ние играчите треба малку да го смениме односот, и уште со психолошката подготовка како влегуваме на самите натпревари. Репрезентацијата не е зае*анција, ова е највисоко ниво на европскиот фудбал… Треба да сме свесни дека играме во Лига Б каде има сериозни селекции, каде има сериозно квалитетни играчи. А, она што ние го даваме на терен на последните натпревари очигледно не е доволно, почнувајќи од мене па и кај сите други фудбалери. Јас секогаш почнувам и од мене. Под итно треба да промениме многу работи, затоа што не оди повеќе вака. И како тим да се анализираме, и како поединци да се анализираме за да дојдеме до подобри резултати, затоа што во репрезентацијата секогаш е важно каков е резултатот“, изјави Муслиу.
Извор: sportmanija.mk


