Приведен син на поранешен висок функционер, се сомничи за „Оддавање службена тајна“

December 29, 2024
1 min read

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Станува збор за лице со иницијали Ќ.Б., а приведено е поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.

 
 

Според информациите, приведувањето се случило по извршен службен разговор во полициската станица, каде лицето било повикано за да даде исказ во врска со ова кривично дело.

Сомневањата на полицијата се дека токму од ова лице, протекле информациите дека МВР влегува во Арачиново и Сингелиќ. Тоа се и причините за пробивање на акцијата. На десетина минути пред полицајците да влезат, неколку лица избегаа. Првичните информации се дека приврзаници на групата „Беланоца“ дознале детали, кои е можно да протекле од телефонот на синот на поранешниот висок функционер во министерството

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Азербејџанскиот претседател Алиев побара од Русија да плати компензација за соборувањето на патничкиот авион

Следно

На повидок нов закон за помилување?

Latest from Blog

Турскиот министер за трговија: Туркије ќе започне големи чекори со Сирија во трговијата и обновата на земјата

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије во новиот период ќе започне големи чекори со Сирија во однос на трговијата, инвестициите и обновата на земјата, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат, јавува Анадолу. Говорејќи
Go toTop