ВМРО-ДПМНЕ: Груби и другар му Перпарим системски краделе од Лотарија, СДС за тоа знаеле и молчеле за да им трае владината коалиција

December 28, 2024
1 min read

На криминалот на ДУИ и на Артан Груби му нема крај. Груби со другар му Перпарим Бајрами во Државна лотарија си направиле криминална шема, од која профитирале милиони, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Артан Груби и Перпарим Бајрами системски краделе од лотарија и ваквиот криминал, од надлежните институции, е документиран и истражен. За неколку месеци од преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, документиран е случајот со Државна лотарија и покренати се истражни постапки и кривични пријави. Криминалот во Лотарија се шири, а Груби и другар му Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра. Во Државна лотарија се договарани тендери за набавка на телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема во вредност од над 400.000 илјади евра. Но, криминалот во овие тендерски постапки за набавка на телевизори и компјутерска опрема лежи во тоа што, иако е потпишан прием за нив, по спроведените проверки и попис не се пронајдени, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија порачуваат: За ваквиот криминал, кој имал епидемиски размери и кој по само шест месеци по промената на власта можеше да се документира, истражи и да се процесуира, не е можно да не знаеле СДС.

-СДС сигурно знаеле за ваквиот криминал во Лотарија, но ги оставиле Груби и ДУИ да крадат од македонските институции, за што подолго останат на власт и во удобните фотелји. И сега, кога сиот криминал на Груби, посебно во Лотарија кои СДС го знаеле, излегува на површина, ги нема да го осудат, дистанцираат и да го повикаат да се врати во Македонија и да се соочи со правдата. СДС, наместо осуда за Губи, ги гледаме секојдневно како смислуваат разно разни приказни и конструкции, но од друга страна пак, тоа е единственото кое што им остана. Затоа што, Македонија се трансформира и следува одговорност за сите што работеле спротивно на закон, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија

Следно

Мицкоски положи цвеќе на гробот на револуционерот Даме Груев во беровско Русиново

Latest from Blog

Почина Јагнула Куновска

Познатата македонска политичарка и адвокатка Јагнула Куновска почина денеска на 81-годишна возраст. Родена е во Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот

Турската војска во 2024 година ја прошири глобалната соработка со 89 земји

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије во 2024 година потпиша воени рамковни договори со 89 земји, проширувајќи ја својата глобална соработка, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу. „Нашата сила е нашата

Монтоја: Верстапен нема да биде фаворит за титулата во 2025 година

Според поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, четирикратниот светски шампион Макс Верстапен нема да биде меѓу фаворитите за освојување на титулата во 2025 година. Колумбиецот верува дека поради заостанувањето, кое

МЖСПП: Како никогаш досега сме сериозно посветени на решавање на проблемот со аерозагадувањето

Заштитата на животната средина, а особено справување со повеќедеценискиот проблем со лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во повеќе градови и населени места во државата е висок приоритет во агендата на Владата. Со
Go toTop