Одземен пасошот на Рамиз Мерко поради опасност од бегство, обвинителството покрена ново обвинение

December 28, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.

Надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон.

Имено, со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му го одзеде пасошот на обвинетиот и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата стави рака и врз Националната комисија за учебници, ќе ги избира нејзините членови

Следно

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора 

Latest from Blog

Приведен син на поранешен висок функционер, се сомничи за „Оддавање службена тајна“

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Станува збор за лице со иницијали Ќ.Б., а приведено е поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.     Според информациите, приведувањето

Азербејџанскиот претседател Алиев побара од Русија да плати компензација за соборувањето на патничкиот авион

ИСТАНБУЛ (АА) – Азербејџан денес побара Русија да ја признае вината за соборувањето на азербејџанскиот патнички авион, да ги казни одговорните и да плати отштета, јавува Анадолу. Во изјавата за новинарите во

Исчистен е патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“, во Прилеп се пренесени двете загрозени лица кои немале лекови

Со помош на багер од фирмата „Фирмер Балкан“ синоќа е исчистен патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“ од снежните навеви, а двете загрозени лица кои немале лекови се безбедно пренесени во градот Прилеп,

Постапка против 10 лица за криумчарење возила – откриено е како ги внесувале во земјава и како ги регистрирале

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување

Стотици Дедомразовци трчаа низ улиците на Скопје

Скопје денеска беше преплавено со новогодишна еуфорија, благодарение на 10-тата традиционална Дедомразовска трка, која се одржа на Плоштад Македонија. Стотици учесници, облечени како Дедо Мраз, ги исполнија улиците на главниот град, трчајќи
Go toTop