Пандев: Ангеловски требаше да остане селектор и после ЕП, немам ништо против Милевски

December 27, 2024
1 min read

Горан Пандев, поранешниот репрезентативец и сега спортски директор на националните селекции во ФФМ, во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше и за сегашната состојба во репрезентацијата.

Тој кажа дека му замерил на тогашниот претседател Муамед Сејдини што не му го продолжил договорот на тогашниот селектор Игор Ангеловски.

„Најголема замерка кон Сејдини ми е што не го продолжи договорот со Ангеловски. Не сум зборувал на таа тема, јас како што знам сакаше да го смени и пред Европското првенство. Јас бев капитен тој период, играч кој ја предводеше таа генерација, и цела репреенација застана зад селекторот, затоа што ќе беше жално да не ја предводеше селекцијата на ЕП. Ако беше нормална држава или федерација ќе му се продолжеше договорот на селекторот“, изјави Пандев.

Исто така додаде дека нема ништо против сегашниот селектор Милевски.

„Националниот тим е светост и теренот е показател за се. Немаме ништо против Милевски, против селекторот, но резултатите во еден момент не беа на нивото, а атмосферата беше разрушена. Јас пак ќе кажам дека оваа генерација на Македонија беше најдобрата во историјата на македонскиот фудбал“, напомена Пандев.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Протест за чист воздух: Над 3.800 животи годишно изгубени поради загадувањето

Следно

Проф. д-р Каракамишева во „Наткаст“: Очекувам 2025-та година да биде година на развој, година на стабилизирање на системот

Latest from Blog

Сообраќајот во зимски услови и по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема

„Да се врати тато дома здрав и жив“ е најискрената желба на децата на македонските мировници

Дечињата се израдуваа на новогодишните подароци. Пакетчиња полни со чоколади, бонбони, грицки. Играчки. Но, најискрената желба на сите дечиња е нивните родители кои се далеку од нив што побрзо да се вратат

Турскиот министер Фидан оствари телефонски разговор со американскиот колега Блинкен

АНКАРА (АА) – „На терористичката организација ПКК/ЈПГ нема да ѝ биде дозволено да се засолни во Сирија“, му рече турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, на американскиот државен секретар Ентони Блинкен
Go toTop