Се планира ли национализација на вториот пензиски столб по изјавата на Димитриеска-Кочоска дека тој е непотребен?

December 26, 2024
1 min read

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека вториот пензиски столб бил непотребен и само креирал дополнителен трошок.

Таа во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 најави дека се залага за укинување на вториот пензиски столб, кој само одлевал пари.

„Јас сметам дека вториот столб е непотребен, затоа што таму ни се одлеваат пари кои што повторно завршуваат во државата, бидејќи тие пензиски друштва всушност ги инвестираат парите во државата, значи дополнителен трошок ни прават“, вели Димитриеска Кочоска.

Министерката ги повиќа граѓаните да си проверат колку пари им се оплодени во вториот пензиски столб.

Таа потенцираше дека ова е нејзин став, кој не нужно значи дека е и став на владата, но во јавноста покрена дилеми за тоа дали владата размислува за национализација и преземање на вториот пензиски столб.

Вториот столб опфаќа задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, што значи дека дел од вкупно уплатениот придонес за пензиско осигурување се пренесува на индивидуална сметка на осигуреникот во приватен пензиски фонд. Висината на придонесот кој се пренесува во приватниот пензиски фонд изнесува 6% од бруто платата. Овие средства се наменети за исплата на пензија од вториот столб лично на членот, истите се инвестираат во финансиски инструменти, а остварената добивка се припишува кон индивидуалната сметка.

Бидејќи средствата од индивидуалната пензиска сметка се лични и доколку не се искористат за нивната основна намена истите се предмет на наследување (под услов членови на семејството да не користат семејна пензија од починатиот член) или  предмет на исплата по навршени 65 години старост (ако членот не оствари право на старосна пензија).

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Каракамишева во „Наткаст“: Крајот на годината ја стави државата во еден организиран правен поредок

Следно

Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото

Latest from Blog

„Израелската армија ја затвори болницата Камал Адван“, објави влада во Газа

ГАЗА (АА) – Палестинската влада во Појасот Газа објави дека израелската армија ја запалила болницата „Камал Адван“ во северниот дел на Појасот Газа, со што болницата е надвор од употреба, а медицинските

Дописничката на ТВ21 Салије Садику Пињоли е прогласена за новинарка на годината во Кичево

Здружението „Вотра“ ги оцени најдобрите и оние со најголем придонес во општеството во Кичево. Оценката од областа на медиумите како најдобар новинар, кој со посветеност и храброст знаеше да им даде глас

Сиљановска Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година на авторите Методи Хаџи-Андов, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев и Димитар Стефановски, од проектантското биро „Параметар студио“,
Go toTop