Шамбевски за КУРИР: СДСМ да ги прифатат пораките од анкетите и да се дистанцираат од погубните политики што ги водеа

December 23, 2024
5 mins read

СДСМ тоне. Рејтингот на партијата е во слободен пад 5:1, покажуваат последните анкети.

Поранешниот амбасадор и одличен познавач на состојбите во политичката сцена, Оливер Шамбевски, за КУРИР вели дека социјалдемократите треба да ги прифатат овие предупредувања од анкетите на време да ги анализираат и прилагодат своите политики. За почеток, според него, би било добро да се извинат и дистанцираат од погубните политики што ги водеа од 2017 година до неодамна.

На што се должат катастрофалните резултати на опозицијата?

Според Шамбевски, ова се должи на повеќе или на комбинација од фактори.

-Првиот битен фактор е одбивањето на раководството на СДСМ да ја реформира партијата и да се дистанцира и извини за погрешните политики кои го девастираа македонското општество, видовте всушност дека и самиот избор на Филипче за претседател, но и кадровскиот избор на најтесното раководство беше доживеано како силно разочарување, не само за членовите и битните фракции во СДСМ туку и пошироко во јавноста, но најголема штета за нив направи разочараноста на неопределените гласачи кои иако можеби не се членови сепак инклинираат кон социјалдемократите, зошто ако ги анализирате реакциите на јавноста по изборот на најтесното раководство токму тие, неопределените, всушност најгласно протестираа за изборот на Чупевска, Пировска и останатите во врвот на СДСМ, вели Шамбевски за КУРИР и додава:

„Втор значаен фактор е откривањето на деталите за нивното неразумно и корумпирано владеење, во спрега со ДУИ, за кое граѓаните реално и беа свесни, но не беа докрај на чисто каква била неодговорноста и раскалашеноста на владините функционери во претходната влада. И секако многу битен фактор за ваквиот резултат на анкетите, се перформансите на новата влада кои засега се одлични како на меѓународен план (еве неволното признание на Борисов дека Македонија ги подобрила позициите во ЕУ е доволен доказ за сериозниот исчекор што го направи владата) така и на домашен план, со зголемувањето на пензиите, стабилизирањето на буџетот, започнување на серија крупни капитални проекти низ општините, зголемувањето на СДИ растот на БДП, па ако сакате и нормалното започнување на учебната година кое за време на владеењето на СДСМ беше незамисливо ја вратија надежта дека општеството полека се нормализира по неколкуте години девастација“.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во одговор на новинарско прашање за рејтингот кој е 5 пати повисок од оној на опозицискиот лидер Венко Филипче истакна:

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и коалицијата, но и самата Влада што ја предводам, навистина прави се што може во овој момент да испорача резултати, да покажеме дека не сме исти, како другите. И нормално покрај оние другите, кој што сеуште добиваат одредена помош од страна на некои од опозиционите политичари, инструктори. Јавноста е објективна и таа преку ваков тип на јавно мерење кажува реално какви се состојбите во државата. Дали сум задоволен, ако го поставуваме тоа прашање, сум задоволен, и секогаш може подобро, ќе работиме жестоко, немаме друг избор, мораме работите а ги гледаме онакви какви што се и да нудиме решенија за работите онакви какви што се. Многу пати сум зборувал во минатото, првичната наша цел беше да го сопреме слободниот пад, по што успеавме, ја консолидиравме состојбата, а потоа постепено да дојдеме до точка нула. Можам да кажам дека ние сеуште не сме дојдени до точка нула, се качуваме таму, очекувам на пролет да дојдеме до точка нула и потоа да почнеме да ја развиваме државата онака како што имаме намера. Она што можам да го ветам е дека жестоко ќе работиме како Влада, напорно ќе работиме, чесно ќе работиме за да покажеме дека можело да биде и поинаку. И нормално борбата против криминалот и корупцијата, зашто само така можеме да ја вратиме надежта кај народот дека ќе не биде, се останато е гола политика и празна политика и тоа не носи додадена вредност“, подвлече Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека СДСМ тоне по рејтинг, но се обидува да го спаси и заштити Артан Груби.

-СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е во слободен пад 5 спрема 1 според анкетите. СДС тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДС продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Падот на рејтингот на СДС е директен резултат на молкот и распространеторста на криминалните шеми со ДУИ, но и покрај тоа СДС грчевито го штити Груби и не го повикува на одговорност пред правдата. Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби. Се сруши и митот за Ахмети дека ниту се чесни, ниту се борат и ги штитат своите луѓе ниту пак дека се можат и се недопирливи. Артан Груби е извршител на ДУИ и Ахмети а негови соучесници и асистенти се СДС. Центарот на политичкиот криминал на СДС се Заев, Ковачевски, Филипче Спасовски. Криминалните банди и фамилијарните кланови владееја и ја наметнуваа својата волја како сакаат и каде сакаат, а МВР под раководство на Спасовски не се спротивставуваше и дозволуваше хаосот да завладее додека беззаконието царуваше. СДС ја окупираше државата во соработка со корумпирани судии и обвинители бирани во Струмица и Зајас, додека фамилијарните кланови под закрила на Ахмети и Заев со своите криминални делувања го уништуваа системот. СДС делуваше во координација на ДУИ а Груби беше извршител, 7 години овие деструктивни сили го заробија системот и ја уназадија државата. СДС дозволи криминалот и корупцијата да напредува додека народот осиромашуваше. Артан Груби, СДС и ДУИ мислат дека од правдата ќе побегнат но засолниште за криминалците и сите оние што го прекршиле законот нема. Одговрност мора да има. Место за криминалци во политиката нема. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извади државата од темната етапа во која ја доведоа СДС и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ напорно работи да обезбеди напредок, инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните, стои во денешното партиско соопштение.

Граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата и на премиерот

Новата Влада на Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски и досега донесените одлуки во однос на заемот од Унгарија и замрзнувањето на цените за „новогодишната кошничка“ главно ја имаат поддршката на македонските граѓани. За работата во првите пет месеци на Владата и на премиерот граѓаните дадоа позитивна оценка. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.

Ова истражување покажа дека мала е разликата во ставот на граѓаните во однос на тоа во која насока се движат работите во Македонија – 35,6 отсто од испитаниците сметаат дека таа насока е правилна, а за 34,3 отсто од нив – погрешна.

mkd.mk

Наспроти ова, македонските граѓани, според ова истражување, се задоволни од работата на Владата во изминатите пет месеци – вкупно 38,9 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или се многу задоволни, неутрални се 24,4%, а 31,2 отсто одговориле дека не се задоволни или воопшто не се задоволни.

mkd.mk

Позитивна оценка доби и работата на премиерот Христијан Мицкоски – 40,3 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или многу задоволни од неговата досегашна работа.

mkd.mk

И за мерките кои оваа Влада ги презеде, особено оние поврзани со распределбата на средствата од кредитот од Унгарија, македонските граѓани главно имаат позитивиен став.

mkd.mk
mkd.mk
mkd.mk

Анкетирањето беше спроведено од 6 до 15 декември година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Забрана за движење на товарни возила на неколку патни правци низ Македонија

Следно

Високи делегации од Јордан и Катар го посетија Дамаск за разговори со лидерот на новата сириска администрација

Latest from Blog

24 тема “Министер за здравство“ : Кој, како и кога раководеше со ресорот

Министерството за здравство почесто менува министри отколку амбулантни возила. Шест промени во ресорот ги одбележаа последниве осум години, a oд осамостојувањето досега, низ фотелјата поминале дури 18 министри, што здравство го прави

Реал Мадрид е уценуван од страна на Винисиус

Бразилскиот фудбалер Винисиус сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид – од неколку причини. Како што пишува „Марка“, разговорите со Реал Мадрид се водат веќе подолго време, но сè уште

Трамп го отфрли барањето на Нетанјаху за продолжување на санкциите кон Сирија

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за задржување на санкциите врз Сирија, објавија денес израелските медиуми, јавува Анадолу. Нетанјаху го посети Вашингтон минатиот

„Играта не заврши, сега се игра на теренот на ЕФ“ – Вреди ја прашува опозицијата колку се сигурни во нивните пратеници

Со излегувањето на АА со своите 5 пратеници во опозиција, коалицијата ВРЕДИ во Собранието  од 14 пратеници сега остана со 9. Од друга страна, 22 албански пратеници се во опозиција. Прашањето за

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој ја одобри новата Стратегија  за  Северна Македонија за следните пет години (2025-2030). Стратешките приоритети се: Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот
Go toTop