„Правдата доаѓа“ – трибина на ВМРО-ДПМНЕ

December 22, 2024
1 min read

Во рамките на денешната трибина “Правдата доаѓа“, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов го изнесе своето мислење во врска со случајот на Лотарија и проневерата на 8 милиони евра, при што ја истакна поврзаноста меѓу СДС и ДУИ. Пренџов посочи дека СДС и ДУИ манипулирале со јавноста за да останат на власт, додека новата политичка генерација која дојде по 8 мај има целосно различен пристап.

„Тие манипулираат на мантадна основа со цел да бидат подолго време во власта. Разликата помеѓу порано и сега во Македонија после 8 мај, работите не се исти и дојде нова политичка генерација која не планира да прави ништо друго освен право, правда и решавање на криминал и корупција“, нагласи Пренџов.

Пренџов во своето обраќање истакна дека случајот со Лотарија е само почеток и дека во иднина ќе излезат нови детали за поврзаноста на владеачките партии со овој проект.

„Ќе има уште работи кои ќе излегуваат, ова се првичните контури на целиот тој проект, условно кажано Лотарија. Потоа ќе излегуваат кој каде изнајмувал, а тоа сите го знаеле“, изјави Пренџов.

Пренџов нагласи дека поврзаноста меѓу СДС и ДУИ не е само политичка, туку и егзистенцијална. Според него, таа поврзаност била клучна за СДС да остане на власт без широка поддршка од јавноста, додека ДУИ ја има улогата на клучен партнер кој ги поставува правилата на игра.

„Тие имаа една поврзаност, и таа е повеќе од политичка поврзаност, јас би рекол дека тоа е егзистенцијална поврзаност. СДС поддршка од јавноста немаше никаква од анкетите, да вие без народна поддршка и легитимитет и кредибилитет да имате премиер и министри, а ДУИ да бидат оние кои што ќе бидат оние кои ќе ги пишуваат правилата на игра за да бидете на власт“, истакна Пренџов.

Пренџов исто така истакна дека оваа поврзаност ќе продолжи и во иднина, но со нови предизвици, кога политичарите ќе мора да се соочат со своите постапки.

„Од сега ќе имаат и друга поврзаност, ќе ги поврзува стравот од соочување со она кое што го правеле, поврзаност на одговорност, сите овие кои до вчера беа власт во Република Македонија, тоа е добро за пример за општеството и здраво за демократијата“, додаде Пренџов.

Пренџов нагласи дека нема повеќе место за политичари кои се обидуваат да ги избегнат последиците од своите дејства и дека правдата ќе мора да се реализира преку институциите.

„Пораката сериозно се испраќа дека во Република Македонија, ‘како до сега’ времето го нема, политичари кои ќе се пазарат веќе нема и кој што правел тоа ќе го видиме сите во јавноста и ќе се процесира низ институциите на системот“, заклучи Пренџов.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Парите од унгарскиот кредит кај компаниите требаше да стигнат во ноември, Мицкоски сега вели на почеток на јануари

Следно

ВМРО-ДПМНЕ го пушти Груби, поради договор со ДУИ?

Latest from Blog

Јадеме ли квалитетно месо? Одговара Ѓорѓиевски во „Бизнис 21“

„Месото кое го произведуваат домашните производители е здраво за јадење“. Ова го кажа Бојан Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на производители на свежо месо „Македонско прасе“ во емисијата „Бизнис 21“. „По укажување на

Капело: Јамал не е генијалец, далеку е од Меси и Марадона

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, кој во кариерата ги водеше Јувентус, Милан и Реал Мадрид, го коментираше талентот на младиот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал. Трофејниот стручњак ја спушта топката по глобалната

„Доколку Путин дојде во Истанбул, тоа симболично ќе значи многу“, изјави холандскиот експерт Смитс

АМСТЕРДАМ (АА) – Селман АКСУНГЕР Холандскиот историчар и експерт за Русија, Хуберт Смитс, ја пофали посредничката улога на Турција во мировните преговори меѓу Русија и Украина што ќе се одржат утре во

Апсења на повеќе локации во Скопје, лишени од слобода криминалци барани со потерници

Денеска (14.05.2025) на различни локации во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода две лица барани со потерници. На територија на Центар лишен од слобода

Кошта: Црна Гора е еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Подгорица изјави дека Црна Гора е „еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ“. Кошта, кој е на својата прва турнеја
Go toTop