Дојранското Езеро под заштита: Новата пречистителна станица ја заменува старата технологија

December 14, 2024
1 min read

Дојранското Езеро, едно од најзначајните природни богатства на Македонија, до крајот на годината ќе добие нова пречистителна станица која ќе обезбеди модерно и ефикасно прочистување на отпадните води. Според податоците од истражувањето на водите од 2021 година, езерото беше изложено на сериозно загадување со тешки метали и фекалии, што наметна итна потреба за преземање мерки.

-Новата пречистителна станица е капитален проект за нашата општина и за заштитата на езерото. Со ова ќе го решиме долгогодишниот проблем со загадувањето од отпадните води, кои директно влијаат врз живиот свет и врз квалитетот на водата, изјави градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.

Старата пречистителна станица, изградена пред повеќе од 40 години, работела со застарени методи кои не обезбедувале задоволително прочистување и предизвикувале високи трошоци за електрична енергија.

-Оваа стара технологија веќе не одговараше на нашите потреби. Физибилити студијата покажа дека најдобро решение е изградба на нова, модерна и софистицирана станица, која ќе обезбеди подобар квалитет на прочистените води и ќе генерира помали трошоци, истакна Ангов.

Проектот, вреден 4,5 милиони евра, е поддржан од словенечката амбасада и од претходната Влада. Средствата овозможија и реконструкција на колекторскиот систем, како и на канализациската мрежа во околните населби кои со подземните води директно или индиректно го загадуваат езерото.

-Со истиот проект ја реконструиравме целата канализациска мрежа и го обновивме колекторскиот систем со современа технологија, што ќе обезбеди дополнителна заштита на езерото. Една од следните задачи што стојат пред нас е изградба на канализација во селото Николиќ, за што веќе имаме подготвени проекти и активно бараме финансиски средства, рече градоначалникот.

Изградбата на новата станица започна во мај годинава и е предвидено да биде завршена до крајот на годината. Тоа ќе биде чекор напред во зачувувањето на Дојранското Езеро, но и во намалувањето на трошоците за електрична енергија преку воведување на енергетски ефикасни технологии.

-Новата станица ќе биде делумно поддржана од фотоволтаична централа, што ќе биде сопственост на комуналното претпријатие. Оваа инвестиција ќе помогне да ги намалиме оперативните трошоци и да обезбедиме еколошка одржливост, објасни Ангов.

Со овој проект, општина Дојран покажува силна посветеност кон заштита на своето најголемо природно богатство и кон обезбедување на чиста и здрава средина за сегашните и идните генерации.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

УЈП апелира угостителите и физичките лица за празниците да работат согласно законите и да ги исполнат даночните обврски

Следно

Мојсова-Чепишевска: Во Солун денеска се зборува на македонски за нашиот јазик и за македонистички теми

Latest from Blog

Клековски: Би прифатил да бидам министер ако ми понудат, но со соодветна замена во Фондот за здравство

Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување е еден од можните наследници на испразнетото министерско место на Арбен Таравари. Клековски денеска имаше брифинг во министерството за здравство, и беше прашан и

Единаесет повредени од пожарот во Кочани се уште на лекување во странство, започна и домашна рехабилитација

Вкупно 11 пациенти повредени во трагичниот пожар во кочанската дискотека се наоѓаат на лекување во странство, информираше денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски. Според неговите податоци, тројца пациенти се хоспитализирани во Грција

Пропадна и 18-тиот обид за конституирање на косовското Собрание

Косовските пратеници денеска не изгласаа формирање на Изборна комисија за тајното гласање за претседател и потпретседатели на косовскиот Парламент. Пратениците од поранешните опозициски партии не предложија членови за Изборната комисија, а не

Три членки на ЕУ бараат утврдување минимална возраст за пристап до социјалните мрежи

Грција, Франција и Шпанија подготвија заеднички документ за расправа на јунскиот Совет на ЕУ, со кој се бара од Европската комисија да утврди минимална старост за пристап до социјалните медиуми на ниво

Ѓоргиевски: За побрза дијагноза треба да се дадат поголеми ингеренции на семјните лекари

Семејните лекари се клучна алка во здравствениот систем, вели доктор Драган Ѓоргиевски претседател на Здружение на лекари по општа семејна медицина на одбележувањето на денешниот ден. За посилина здравствена заштита и побрза
Go toTop