Средба на претседателот Гаши со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Милер

December 13, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска имаше средба со новоименуваната претставничка на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер.

Претседателот ѝ посака срдечно добредојде на Милер и изрази благодарност за 30-годишното партнерство меѓу Република Македонија и УНИЦЕФ. Тој нагласи дека од развојот и напредокот на децата зависи иднината на целата држава.

Претставничката на УНИЦЕФ Милер се заблагодари за досегашната добра соработка со Собранието и го информираше претседателот дека во моментов во соработка со надлежните институции фокусирани се на неколку прашања, а тоа е измената на законската регулатива за образованието, законската рамка за правата на децата, како и поддршка во ревизија на Законот за семејство.

Двајцата соговорници разговараа за препораките што Комитетот на Обединетите Нации за правата на децата ги издал за нашата држава, а кои можат да бидат добра основа за натамошно унапредување на законската регулатива и нејзината имплементација.

Претседателот Гаши информираше дека во Собранието се формирани две Комисии со кои се опфатени прашањата за децата и младите, тоа се Комисијата за образование и Комисијата за социјална политика, демографија и млади, а формиран е и Клубот за младински прашања и политики, како неформално тело во Собранието, чија цел е остварување на интересите на младите, во соработка со младинските организации и неформалните младински групи.

Тој предложи во Собранието да се одржи јавна расправа за препораките на Комитетот на Обединетите Нации, по што низ еден инклузивен процес, во соработка со сите општествени фактори да се започне со суштински и одржливи реформи.

Двајцата соговорници за наредниот период се согласија дека ќе ја интензивираат комуникацијата и заеднички ќе работат на градење на општествен консензус во интерес на правата и благосостојбата на децата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рокас: САД презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата со ставање на Груби и Беџети на црната листа

Следно

Зеленски вели дека над 80 руски проектили биле соборени поради нападот врз енергетската инфраструктура на Украина

Latest from Blog

Директорот на турски МИТ, Калин, во Сирија се сретна со претседателот Шара и неговата делегација

АНКАРА (АА) – Директорот на Националната разузнавачка организација (МИТ) на Турција, Ибрахим Калин, во Сирија се сретна со претседателот Ахмед Шара, министерот за надворешни работи Асад Хасан ал-Шабани и директорот на Разузнавачката

Усвоен договорот со британската Влада за стратешко партнерство – в четврток Николоски во Лондон!

Денеска на владина седница е усвоен договорот со британската Влада за стратешко партнерство. За ова е овластен вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана

Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари – ССМ бара зголемување на платите

Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство во мај достигнале 63.908 денари, што е за 1.217 денари повеќе од април, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ако семејството живее

Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово забрани увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради појава на птичји грип. Привремената забрана стапува во сила веднаш и е

Руте: Мислам дека е позитивно тоа што Трамп почна да отвора канали за комуникација со Путин

БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека серијата телефонски разговори што ги оствари вчера американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Украина се позитивни знаци и изрази задоволство
Go toTop