Рокас: Судството треба да преземе активности во сите случаи каде што е присутна корупција

December 13, 2024
1 min read

Евроамбасадорот Михалис Рокас изрази важноста на независноста на судството во Македонија, особено во контекстот на последните случаи на корупција, меѓу кои се и поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети, ставени на црната листа на САД.

Рокас истакна дека судството треба да преземе активности не само во овие случаи, туку и во сите други каде што е присутна корупција. Тој потврди дека Европската унија продолжува со напорите за зајакнување на независноста на судството преку препораки и механизми, како што е оценската мисија на ЕУ која издаде 40 препораки.

Рокас ја нагласи важноста на јавните институции, како Јавното обвинителство, кои треба да имаат слобода да спроведуваат истраги во случаи на сомнеж за корупција, без оглед на тоа дали се работи за индивидуални или колективни дејства. Европскиот амбасадор ја потврди потребата за создавање професионално и независно судство како основа за успешна интеграција на Северна Македонија во Европската унија.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Петрушевски: ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС

Следно

ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИКОТ „АРХИВИ НА НЕВИДЛИВИТЕ“ СО ТЕКСТОВИ ЗА ПРВОТО ЖЕНСКО СПИСАНИЕ „МАКЕДОНКА“

Latest from Blog

Арсовска во Аргумент плус: Инспекциските служби на Град Скопје работат со полна пареа

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во Аргумент плус рече дека, инспекциите на Град Скопје работат со полна пареа и поркај сите притисоци. Според неа, за хаваријата во Пинтија изречена е највисоката

Сити се откажа од Флоријан Вирц

Манчестер Сити се откажа од ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, тврди Фабрицио Романо. „Граѓаните“ никогаш не биле во напредни преговори за офанзивниот играч од средниот ред. Англискиот клуб верува дека Вирц

Чаир започна со чистење на отпадот – Град Скопје ја сопре иницијативата

Општина Чаир презеде иницијатива за чистење на отпадот на нејзина територија. Според градоначалникот, Висар Ганиу, со ова сакале да му помогнат на Град Скопјe во одржувањето на хигиената. Додава дека градот не

Мицкоски и Сиљановска Давкова уште не можат да го стокмат името на кандидатот за гувернер на Централната банка

Нема несогласувања со претседателката на државата околу предлогот за гувернер на Централната банка, изјави премиерот Христијан Мицкоски, откако денеска до македонското Собрание не стигна педлогот кој веќе беше најавен. „Добив информација од

Трасиран патот за реформите согласно пакетот за поддршка од ЕУ

Националниот механизам за реформската агенда е мапа за трансформација и визија за иднината преточена во конкретни чекори. Преку него ќе ја отвориме вратата за системски дијалог меѓу институциите и граѓаните а европската
Go toTop