СЕ УВЕРИВ ДЕКА ВРЕДАМ, РЕЧЕ ЖАК ОДИЈАР ЧИЈ „ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ ОСВОИ 5 ЕВРОПСКИ НАГРАДИ

December 8, 2024
2 mins read

За САКАМДАКАЖАМ.МК од Луцерн: Марина Костова

„Емилија Перез” на францускиот автор Жак Одијар е апсолутен победник на 37. Европски филмски награди кои синоќа се доделија во Луцерн, Швајцарија. Мјузиклот за наркобос кој ќе смени пол и како жена ќе почне нов живот освои награди за најдобар европски филм, режија, сценарио, монтажа и актерка за транс-жената Карла Софија Гаскон.

„Наградите ме уверија дека вредам, оти обично сум многу несигурен и нервозен за секој филм“, рече Одијар по церемонијата на Европската филмска академија (ЕФА)

Најдобар актер е Абу Сангаре за „Приказната на Сулејман“.

Најдобар документарец е „Нема друга земја“ на палестинско-израелскиот колектив активисти и филмаџии Јувал Абрахам, Рахел Сар, Бисел Адра и Хамдан Балал. Филмот го следи систематското иселување и угнетување на Палестинците на Западниот Брег од еврејските доселеници и беше завршен 3 дена пред нападот на Хамас врз Израел лани на 7 ноември, па беше досниман со актуелните настани. Адра и Абрахам во видеообраќањето побараа итна акција од ЕУ политичарите за да запре геноцидот врз Палестинците во Газа и ослободување на стотината еврејски заложници на Хамас.

Најдобар анимиран филм е „Тек” на литванскиот автор Гинтс Зилбаладис, филм без дијалог, за авантурите на една мачка, кој е и сериозен кандидат за Оскар.

„Добра идеја, добра реализација, размислување вон границите и ризикување”, беше одговорот на Зилбаладис на прашањето како филм од мала земја како Литванија може да успее.

Најдобар анимиран филм е „Тек” на литванскиот автор Гинтс Зилбаладис. (Фото: СДК.МК)

„Арманд” на норвешкиот дебитант Халфдан Улман Тиндел е  награден за Европско откритие – Награда на ФИПРЕСЦИ. Тиндел кој е внук на легендите Лив Улман и Ингмар Бергман, рече дека главниот лик во филмот го напишал за извонредната актерка Ренате Ренсве,  која исто беше номинирана.

„Арманд” на норвешкиот дебитант Халфдан Улман Тиндел е  награден за Европско откритие – Награда на ФИПРЕСЦИ. (Фото: СДК.МК)

Хрватскиот „Човекот кој не можеше да молчи” на Небојша Слијепчевиќ е најдобар краток филм, заснован е на вистински настан од 1993 кога српска паравојска влегла во воз во Штрпци и одвела невини луѓе, а од 500 патници само еден им се спротивставил и е убиен.

Наградата на младото жири ја освои „Извонредниот живот на Ибелин” на норвешкиот автор Бенџамин Ри, за гејмерот Матс Стен кој почина на 25 години од неуродегенеративна болест, а по смртта неговите родители откриваат дека тој имал многу пријатели низ целиот свет и дека променил и спасил многу животи со пријателството.

Добитниците и презентерите на наградите заедно на сцената. (Фото: СДК.МК)

Легендарната актерка и режисерка Изабела Роселини доби награда за достигнување во светскиот филм, и дочекана со стоечки овации рече:

„Ова е првпат да бидам чествувана поради мене, а не како ќерка на Ингрид Бергман и Роберто Роселини, или како сопруга на овој, муза на оној”.

Режисерот Вим Вендерс доби награда за животно дело, а со видеочеститки го поздравија Вилем Дефо, Мартин Скорсезе, Ник Кејв и јапонскиот актер Коџи Јакушо од неговиот последен филм „Перфектни денови” кој како ликот од филмот му рече дека ќе му го исчисти тоалетот.

Македонската продуцентка Лабина Митевска ја доби наградата на Еуримаж за копродукција и доби силен аплауз за говорот во кој повика на поддршка за европската филмска уметност.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче преку тендерите во РЕК Битола на Заев, поддржуваше поскапа струја

Latest from Blog

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. – Кога

По години запуштеност, Градскиот стадион во Прилеп повторно е во одлична состојба

Градскиот стадион во Прилеп доби целосно освежен изглед и повторно е подготвен да ги пречека спортските натпревари. ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“, во соработка со Локалната самоуправа, реализираа целосна рехабилитација

„Ливерпул нема да ја освои титулата“

фото: Liverpool FC (X) Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч, даде многу песимистичко предвидување за својот поранешен клуб пред новата сезона. Крауч верува дека „црвените“ немаат доволно квалитетен тим

Судија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд. Станува збор за спор што трае со години, пишува „Еуроњуз“. Локацијата во Гринбелт, Мериленд,

Цела Македонија е со висок индекс за пожари

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на Република Северна Македонија е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја), информираат од Центарот за управување со кризи. Според извептајот, исклучок
Go toTop