Корупцијата останува врвен проблем за граѓаните

December 5, 2024
1 min read

Акцент на засилување на тимови за истражување и анализи, како и модернизација на технолошката опрема што ќе овозможи поефикасно извршување на надлежностите-упатија апел од ДКСК на меѓународниот ден за борба против корупција во законодавниот дом.  

„Меѓународниот ден за борба против корупцијата не’ потсетува на сериозните последици што корупцијата ги носи за општествата ширум светот. Воедно претставува и повик за зајакнување на нашите заеднички напори и посветеност за спречување на нејзиното разорно и подмолно влијание.“ – Татјана Димитровска-претседателка на ДКСК.

Потребно е многу работа како и зголемување на свеста и посветеноста на институциите за важноста на постапувањето по препораките на Антикорупциска.       

„Можеби сум еден од ретките политичари во историјата на С.Македонија, кој како дел од власта предложи и уставен амандман за незастарување на предметите на политичка корупција. Длабоко сум убеден дека секој којшто го прекршил законот за лични и партиски интереси мора да даде отчет и да одговара пред законот.“ – Африм Гаши-претседател на Собрание на РС Македонија.

За општ развој на државата потребно е реализација на одредени елементи. 

„Отчетноста и транспарентноста е една од клучните елементи на самата дефиниција за превенција и борба против корупцијата.“ – Максим Ацевски главен државен ревизор.

Борбата против корупцијата треба да биде одраз на целосна општествена акција.

„Она што е клучно е дека борбата против корупцијата не може да биде одговорност на една институција или поединец.“ – Елвин Вели Јавен обвинител во Републичко обвинителство.

Корупцијата останува главен проблем на граѓаните и целото општество.

„Имам чувство дека борбата ја корумпиравме-самата борба против корупција. Толку многу декларативна борба, а толку малку на дело.“ – Љупчо Пренџов пратеник.

Бен Наупнау, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, посочи дека корупцијата и понатаму е предизвик во Македонија и длабоко влијае на економијата-потребни се итни чекори кои водат до промени.

„Неколку влади повторно ја искажаа својата посветеност кон борбата против корупцијата, политичарите постојано истакнуваат дека ќе се борат против корупцијата и дека ќе се врати довербата кај јавноста. Меѓутоа, многу малку, ако не и ништо не се менува.“ – Бен Наупнау заменик-шеф на Делегација на ЕУ.

Антикорупционерите потенцираа дека е потребно заедничко обединување и дејствување, како индивидуално и институционално така и на сите нивоа на власт.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светски познатото турско кафе се издвојува и по начинот на подготовка

Следно

Изгласана недоверба на француската влада, Барние денеска ќе поднесе оставка, Макрон ќе и се обрати на нацијата

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop