Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на патиштата кон Долно Оризари и во Поешево и чистењето на каналите во населените места.
Граѓаните ја посочија и потребата од отворање центар за средно образование за лица со попреченост. На форумот се разговараше и за сообраќајната студија и за Генералниот урбанистички план на Битола, кој е во фаза на изработка.
Од Општина Битола велат дека форумот им овозможува на жителите да предлагаат решенија и да учествуваат во утврдувањето на приоритетите за трошење на јавните средства. По завршувањето на административните постапки, предлог-буџетот ќе оди на комисиска расправа, а потоа и на седница на Советот на Општина Битола.
Општината го организира Буџетскиот форум петта година по ред.

