Разговор Ердоган-Ал Судани: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

December 3, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани разговараа телефонски, јавува Анадолу.

Како што соопшти Дирекцијата за комуникации на Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган за време на разговорот рекол дека приоритет на официјална Анкара е да го зачува мирот надвор од нејзините граници и да спречи штета на цивилното население.

Ердоган исто така рече и дека единството, стабилноста и територијалниот интегритет на Сирија се важни и дека Туркије и Ирак се согласуваат за тоа.

Турскиот претседател истакна дека сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес за да спречи натамошно влошување на ситуацијата во земјата.

Ердоган посочи дека, во согласност со националната безбедност и интереси, Туркије презела и ќе продолжи да презема чекори за да ја спречи терористичката организација ПКК и нејзините ограноци кои се обидуваат да извлечат корист од ситуацијата на теренот.

Антирежимските вооружени групи зазедоа уште шест населени места и водат жестоки битки против силите лојални на режимот на Башар ал Асад, на само шест километри од центарот на градот Хама во Сирија.

Антирежимските сили, предводени од групата Хајат Тахрир ал Шам, веќе седум дена се борат против силите на режимот на Асад и продолжуваат да напредуваат кон центарот на провинцијата Хама.

Овие групи напредуваат кон Хама од три правци, а фронтот на судири моментално се наоѓа на шест километри од центарот на тој сириски град.

Судирите избија на 27 ноември меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи во западниот дел на Алепо во северна Сирија, што означи повторна ескалација на конфликтот по периодот на релативна смиреност во граѓанската војна што избувна во Сирија во 2011 година.

Антирежимските групи на 30 ноември го зазедоа квартот Кан Шејхун и ја презедоа контролата врз Идлиб, а продолжуваат да напредуваат во провинцијата Хама. Опозициската Сириска национална армија го ослободи центарот на Тел Рифат од терористичката организација ПКК/ЈПГ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 44.500

Следно

Обвинителство на „гурање“: По силните критики на Мицкоски и јавноста, Коцевски ги задолжи обвинителите да работат, за промена

Latest from Blog

Село Пасинки во Голо Брдо по првпат ги собра жителите и иселениците на годишна средба

Фото: Македонски весник “Илинден” На 9 август 2026 година, во живописното село Пасинки, областа Голо Брдо, се одржа првата годишна средба на жителите, иселениците  на селото. Средбата беше организирана со цел повторно да се

Трагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари

Причината за инцидентот засега е непозната. Полицијата денеска соопшти дека најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на градот Рустенбург во Јужна Африка. Телата

Андоновски: Филипче и Рената Младеновска веднаш да одговорат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар

Претседателот на општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, побара од поранешниот министер за здравство и лидер на СДСМ, Венко Филипче, како и од Рената Младеновска, веднаш да одговорат зошто, како

Димитриеска-Кочоска: Првата листа на јавни инвестиции е значајна реформа во управувањето со јавните финансии

Тетово, Штип, Кичево и Битола меѓу приоритетите: Владата ја објави првата конечна листа на јавни инвестиции Скопје, 11 август 2026 – Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, здравството, образованието,
Go toTop