Во Визбегово на диво работеле три отпади за половни возила

February 17, 2023
1 min read

Во скопско Визбегово, полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција при МВР во координација со претставници на Царинската управа, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во три отпади за половни возила, сопственост на Р.З. од село Визбегово, И.А. од Скопје и С.А. од село Визбегово.

При контролата, информираа од МВР, било констатирано дека сите три отпади работат без регистрирана дејност, односно фирма во Централниот регистар, без дозвола за работа од Министерството за животната средина и природата, а биле затекнати и повеќе различни типови нецаринети возила со странско потекло.

За сите констатирани недостатоци, против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози

Следно

Рашфорд го израмни сопствениот рекорд по голови во една сезона

Latest from Blog

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop