Сиљановска-Давкова му соопштила на Радев: Бугарите во Уставот кога Македонија ќе влезе во ЕУ

1 min read

За време на разговорите во Баку, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова му ги соопштила на бугарскиот претседател Румен Радев позициите на Македонија во преговорите. Сиљановска-Давкова вчера во интервју за националниот сервис МРТ, кажа дека на Радев му соопштила за барањето Бугарите да влезат во Устав, ќе се реализира кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.

„Како претседателка му го објаснив на Радев нашиот став за кој има консензус меѓу мене и власта. Уставните измени се услов за втората меѓувладина конференција и вистински почеток на преговорите, и тие да се направат кога Македонија ќе влезе во ЕУ. Му реков дека тоа е најдобро и ќе им го соопштам на другите претставници на ЕУ и на нашите пријатели“, рече Сиљановска за МРТ1.

Претседателката истакна дека не добила никаков коментар на предлогот Бугарите во Устав со одложено дејство, но исто така ја разбира ситуацијата во Бугарија и неможноста да се формира влада, и со тоа дијалот да се институционализира на ниво на министерствата за надворешни работи.

„Нашите позиции се добронамерни, и се надевам дека ќе ги разбере. Не смееме да го изгубиме легитимитетот. Не ги мамевме граѓаните, и јас сум должна да го бранам националниот интерес, но не со скандали и навреди, туку со почит. Тоа добро одекна во бугарската јавност“, рече Сиљановска-Давкова.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Малолетничка допирана по телото во училишен двор во скопско село

Следно

Ќе се менуваат Законите за градба и урбанистичко планирање- со предлозите на Николоски до олеснета градба на училишта, градинки, болници…

Latest from Blog