Левандовски сака да го продолжи договорот со Барселона

1 min read

Роберт Левандовски сака да игра во Шпанија најмалку до 38-годишна возраст. Најдобриот стрелец сезонава во Ла Лига има 36 години.

Според „Diario Sport“, напаѓачот се чувствува одлично во Барселона и Каталонија и е решен да го продолжи договорот.

Актуелниот договор е до 2025 година, но доколку Полјакот учествува на 50% од натпреварите, ќе се активира опцијата за продолжување на уште една година. Се истакнува дека Левандовски сака повеќе. Тој има намера да склучи договор до  2027 година.

Клубот е задоволен од фудбалерот, неговото влијание врз младите во тимот, а исто така и од фактот дека засега постои можност да се одложи потрагата по центарфор на високо ниво.

Оваа сезона, Левандовски има постигнато 14 гола на 13 натпревари во Ла Лига.  (МИА)

Извор: kurir.mk

Претходно

Шефот на НАТО за дозволата Украина да користи западно оружје без ограничувања

Следно

Врсничкото насилство најчесто меѓу основците, до Народниот правобранител годинава триесетина претставки

Latest from Blog