Голем пожар изби во куќа во Желино, загина 90-годишен маж

1 min read

Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово дека во период од 23.34 до 02.45 часот после полноќ со 11 пожарникари и 4 ПП возила гаснеле запалена куќа во с. Стримница (Општина Желино).

Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 00:19 часот дежурните известиле дека во пожарот машкото лице на 90 годишна возраст го загубило животот во големиот пожар.

Од страна на тетовските пожарникарите починатото лице е извадено од куќата и за настанот беа известени јавен обвинител и лекар по судска медицина за понатамошна постапка, а увид на местото на пожарот извршила екипа од СВР Тетово.

РЦУК Скопје ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје дека во изминатото деноноќие имала две помали интервенции на отворен простор.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Граѓаните во петок на протест пред Град Скопје поради хаосот со јавниот градски превоз

Следно

Трајков во посета на фондацијата на Фидес: Важна е улогата на граѓанското општество во европските интеграции

Latest from Blog