Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот

November 17, 2024
1 min read

Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето на првиот Устав и по тој повод дозолете ми во мое лично име и во име на Уставниот суд да им честитам на сите граѓани.

Со донесувањето на Уставот во 1991 година беше редизајнирано внатрешното уредување на системот и неговите институции и овој Устав го рефлектираше стремежот на тогашната генерација за слободна, суверена и самостојна Република.

Со донесувањето на Уставот како највисок правен акт, се роди и надежта на граѓаните за подобар живот, демократска држава во која ќе владее правото.

Овој ден, 17 ноември нека биде потсетник на обврската на нашата генерација, на секој еден од нас да не ги изневери наследените надежи и да придонесува во градењето на правната држава, да се сочува системот на вредности кој е вграден во Уставот.

Сите ние имаме должност доследно да го применуваме и најважно, да му бидеме лојални на Уставот.

Денеска, упатувам апел до секој еден од нас дека силата на Уставот произлегува од одлучноста на секој граѓанин да застане зад него и да го брани.

Денешниот ден нека биде уште една потврда за граѓаните, да бидат сигурни дека Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот со сите негови вредности, ќе ја брани слободата, демократијата и правната држава.

Честит 17 ноември, Денот на нашиот Устав!

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДУИ со повик до САД, НАТО, ЕУ, Албанија и Косово: Итно да реагираат за опасноста која му се заканува на Охридскиот договор

Следно

Фарски Острови последен ривал на македонските фудбалери во групната фаза од Лигата на нации

Latest from Blog

Најмалку пет лица загинаа во пад на воен хеликоптер во Пакистан

Најмалку пет лица загинаа во падот на воен хеликоптер денес во Пакистан, соопштија регионалните власти. Според извештаите, двајца пилоти и тројца техничари ги загубиле животите за време на рутински лет, пренесува АП.

Коњановски: Учениците во Бистрица ќе учат во подобри услови

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на почетокот на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде што оствари средба со родителите и директорката на училиштето. Тој

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

2 Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11
Go toTop